fbpx

Украинците од центарот на Скопје порачаа: „Русија е терористичка држава“

-

Држејќи долг банер со натпис „Русија е терористичка држава“ и многу знамиња и цвеќе во сино жолта боја, Украинците од центарот на Скопје им оддадоа почит на нивните сонародници кои веќе една година ги жртвуваат животите за спас на татковината. Тие изразија и голема благодарност за хуманитарната помош и за поддршката од Северна Македонија кон украинскиот народ.

„Денеска ние, Украинците, одбележуваме 365 дена од воената инвазија од руската империја врз Украина. Никогаш не очекувавме дека во 21 век некој ќе сака да војува за туѓи територии, но добивме голема поддршка од сите држави. Благодарност до Македонците што уште од првите денови ни пружија голема помош, во време кога ни беше најнеопходна“, изјави претседателот на Здружението „Лесја Украинка“, Олександар Урбанович.

Тој рече дека од почетокот на војната до сега во Македонија дошле околу 6.000 Украинци.

„Дел од нив престојуваат со лични карти од хуманитарни причини, кои овозможуваат само престој во државата, но не и лекување или вработување. Во моментот, во нашата држава претстојуваат околу 400 бегалци. Се соочивме со бегалската криза. Во бегалската криза многу ни помогна Црвениот крст и хуманитарната организација „Св. Спас“ и организацијата „Легис“ со што нашите бегалци се згрижени во Македонија. Но, не успеавме да средиме лесно вработување на Украинците кои би сакале тука да заработуваат за да можат да опстојат. Се надевам дека со време и ова прашање ќе се реши“, истакна Урбанович.

Учесниците на митингот, од плоштадот „Македонија“, се упатија кон паркот „Жена борец“ каде положија цвеќе и запалија свеќи пред споменикот на познатиот украински книжевник, Тарас Шевченко.

Државниот врв и амбасадорите со пораки за поддршка на Украина

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почнаа геомеханичките испитувања за изградба на автопатите на Коридорот 8

Со активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар денеска на терен започнаа со реализација теренските градежни работи за изградба на автопатите на...
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
free download udemy course
download samsung firmware
Premium WordPress Themes Download
free download udemy paid course