fbpx

Во недела протестен марш во Скопје против руската агресија во Украина

-

Здружението на украинците во Република Северна Македонија, „Лесја Украинка“ ги повикува граѓаните да излезат на утрешниот протест кој ќе започне во 14:00 часот со собир кај споменикот „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“. 

„Ги повикуваме сите свесни граѓани да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот марш кој ќе се одржи утре.“, соопштуваат од здружението. 

Од „Лесја Украинка“ информираат дека започнува уште една хуманитарна акција за помош што ќе се собира секој ден во шатор кој ќе биде поставен на плоштадот Македонија. Претходно, од страна на здружението беше отворен хуманитарен пункт за донирање на храна и основни работи во скопската населба Ѓорче Петров.

Апел за собирање хуманитарна помош направи и здружението за заштита на животните, Анима Мунди преку следниот линк https://www.patreon.com/uanimals, а со хуманитарна акција се приклучи и Црвениот Крст на РСМ кој покрај парите што ќе ги донира на Црвениот Крст на Украина отвори сметка како и телефонски број за донации на парични средства.

Утрешниот протест е втор од ваков тип кој ќе се одржи во Македонија. Првиот беше ден по започнувањето на воениот конфликт во Украина, на 25 февруари кога десетици граѓани се собраа на плоштадот „Македонија“ и протестираа до Руската амбасада. украинци кои живеат во други делови од светот во изминатиов период организираа протести пред руските амбасади во своите земји. Протести беа одржани и во Русија од страна на граѓани кои гласно го искажаа својот став за против воените дејствија во Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...