Elden Ring „руши рекорди“ со најдобри оценки на релевантни гејминг сајтови

Elden Ring скриншот од трејлер
Elden Ring скриншот од трејлер

Откако беше скоро објавена играта Elden Ring таа „руши рекорди“ со најдобри оценки на релевантни гејминг сајтови. Каде и да побарате оценки за играта секаде таа е оценета со 10/10 и 5/5. Се смета како најдобра „Souls“ тип игра досега, која што и покрај тоа што е генерално тешка за совладување, многу работи се полесни во неа во споредба со Darksouls 1,2, и 3, Bloodborne и Sekiro. Како што се објавуваа вести за оваа игра, така известувавме за тоа и можете да погледнете уште два претходни написи, првиот и вториот -што ја објаснуваат играта кои се и денес точни и егзактни. 

Инаку, откако се објави играта пред неколку дена има и свежи информации на пример за зголемениот број на места на кои можете да оживеете во играта и покрај огромниот свет, потоа за двоен скок кај коњот што го јавате и за прекачувања со истиот на инаку недостапни високи места. Потоа, циклусот на ден и ноќ со што е врзано и појавувањето на одредени „босови“, интересни дизајни на чудовишта во Dark Fantasy „сетинг”, нелинеарно слободно играње низ сите зони и многу многу други позитивни работи околу играта кои можете да ги откриете при играњето.

Играта се продава на Steam за 60 евра, додека Deluxe Edition е 80 евра, исто така можете да ја купите и на DvD диск со пакување и додатоци во продавниците каде се продаваат игри во Скопје. Таму постои и опцијата за прескапото колекционаерско издание или Collectors Edition. 

Играта се игра и на PlayStation 4 и 5 и на персонални компјутери и бара процесор со шест јадра, најмалку 12 RAM и понова графичка карта како и инсталиран DirectX 12.

Воедно би сакале да го споделиме и најновиот Трејлер за Elden Ring, којшто почнува комично и преминува во „епски говор“ интерпретиран од глумицата Ming-Na Wen. Таа ја глуми „May“ (нејзиниот лик е таен агент, експерт за боречки вештини и пилот) во популарната серија „Marvel’s Agents of Shield“. Wen, исто така, е и гласот на Mulan во истоимениот анимиран филм од Disney и ја глуми Chun-Li во филмот Street Fighter. Учествува со глас како не толку маркантен лик и во анимираниот филм Final Fantasy The Spirits Within како ликот на Doctor Aki Ross. Ова е анимиран филм којшто порано беше како долга анимација од игра.

Повелете погледнете го најновиот официјален „live-action“ трејлер за Elden Ring: