[Галерија+Видео] Протест пред Руската амбасада во Скопје: „Путин е фашист“, скандираа присутните

-

Од плоштадот „Македонија“ во Скопје па сè до Руската амбасада денеска десетици граѓани се собраа на протест против руската воена инвазија врз Украина. Скопјани и граѓани од другите градови на земјата, како и Украинци кои живеат тука маршираа пеејќи украински песни и извикуваа „Путин е фашист, Путин е убиец“, додека на нивните транспаренти пишуваше „тргнете ги рацете од Украина, останете смирени и сакајте ја Украина“.

Многумина од присутните стравуваат за животите на нивните роднини кои во моментов во Украина се кријат во скривници додека руските сили ги бомбардираат нивните градови.

„Полна сум со емоции, не можам да се воздржам. Моето семејство е во Украина, ние сме сите исти. Ние сме сите семејство. Секоја минута им пишувам на моето семејство: Кажете ми дали сте живи? Господе чувај ја Украина, чувај ги војниците“, вознемирена и низ солзи во разговор со Мета.мк раскажа Оља Обережна.

Пред присутните кои носеа украински обележја и транспаренти со пораки против војната и ликот на Путин маскиран како Хитлер се обрати и претседателот на здружението на Украинци во Македонија, Александар Панович.

„Нашата главна порака е Русија да се откаже од војната, да ја собере својата војска назад. Срамота е да има војна. Нашата порака е дипломатски да се договараат. Украинскиот народ е спремен да се бори, подготвен е за војна. Но, не разбираме зошто нè бомбардираат, зошто се бомбардираат мирни градови со ракети“, изјави Панович.

Пред руската амбасада зборуваше и авганистански новинар кој порача дека знае како е да се биде протеран.

„Дојдов да ѝ дадам поддршка на Украина, бидејќи знам како е поради војна и агресија од други сили да бидеш протеран од сопствениот дом“, рече Авганистанецот Каран.

Покажувајки кон металната ограда на руската амбасада во Скопје присутните порачаа дека лесно може да се процени кој е агресорот, затоа што, како што рекоа, украинската амбасада е отворена и никој не се плаши ако се доближи, а руската сега ја чува полиција иако е оградена со метални решетки.

„Русија е агресорот. Ние сме приморани во 21 век да дојдеме до амбсадата на агресорот за да кажеме дека не е нормално да гинат луѓе само за Путин да остане на власт. Нашата војска е спремна да даде отпор, но пак ќе кажеме, дипломатијата треба да е на прво место. Треба да се реши овој конфликт на дипломатско ниво, да се стопира војната и да има мир. Мир во Украина, мир во Европа, мир на Балканот“, порача Андреј Хафениц еден од присутните украинци.

„Сакаме да знаете што прави Путин во Украина, ова е нарушување на сите човекови права. Жал ми е за тие дечиња и тие мајки што сега страдаат. Јас немам никого во Украина, ама случајно видов на твитер и дојдов да изразам поддршка. Жално е што му се случува на тој народ“, рече Кујтим Османи, кој беше еден од присутните граѓани на протестот.

Здружението на украинците „Лесја Украинка“ и пред три дена заедно со дипломатите од Амбасадата на Украина кај споменикот на Тарас Шевченко во центарот на Скопје одржаа заедничка акција под мотото „сплотени за Украина“.

Главна цел на акцијата беше да се демонстрираат сплотеноста и единството на Украинците ширум светот и правото на Украина да ја избере сопствената иднина.

„Украина е во првите редови во одбраната на демократијата и слободата. Повикуваме на обединет фронт кој ќе се залага за заштита на заедничките европски вредности и ќе остане решен да му се спротивстави на агресорот. Дури и кога се наоѓаме во странство, Украина останува во нашите срца и ние сме заедно со нашата Татковина“, рече тогаш претседателот на здружението Александар Урбанович.

Илјадници Украинци кои живеат низ европските и амерканските градови заедно со своите пријатели протестираа пред руските амбасади и конзулати ширум светот за да испратат порака за запирање на руската инвазија врз Украина.

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Сè уште не е изграден ветениот кружен тек во Ѓорче Петров

Факт е дека Град Скопје и Општина Ѓорче Петров имаа три и пол години  да го изградат кружниот тек меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“. Дури и под претпоставка сега...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани...