fbpx

Русија изврши уште еден голем напад врз Украина, парни локомотиви во функција поради недостиг на струја

-

Украинските власти јавија за експлозии во најмалку три градови во земјата, објаснувајќи дека руските агресорски сили почнале голем ракетен напад на енергетски постројки и на инфраструктура, јави новинската агенција „Асошиејтид Прес“ (АП). Поради недостиг на струја, на шините сообраќаат и парни локомотиви, за возовите да продолжат да сообраќаат.

Според објавеното на социјалните мрежи, експлозии имало во главниот град Кијив, во јужен Кривиј Рих и во североисточен Харкив. Низ целата земја се активирале сирените за тревога, предупредувајќи за нови баражи руски напади. Русија интензивното напаѓа со ракети, артилерија и дронови речиси секојдневно уште од средината на октомври.

Ихор Терехов, градоначалникот на Харкив, на друштвениот и комуникациски сервис Телеграм соопшти дека градот е без струја. Олех Синјехубов, регионалниот гувернер на областа Харкив, пак напиша за три напади на критично важна инфраструктура во градот.

Кирило Тимошенко, висок раководител во Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, јави за напад на станбена зграда во Кривиј Рих, предупредувајќи во постот на Телеграм дека можно е да има луѓе под урнатините. Сепак, тој кажа дека итните служби интервенираат.

Витали Кличко, градоначалникот на Кијив, инаку поранешен светски боксерски шампион, соопшти дека имало експлозии во најмалку четири населби во градот, порачувајќи граѓаните да бегаат во засолништата.

„Нападот врз главниот град продолжува“, напиша тој на Телеграм.

Во Кијив е прекиното функционирањето на метрото, бидејќи луѓето бегаат да се сокријат во метро станиците, објасни Кличко.

Укржализницја, националниот железнички оператор, соопшти дека нема струја на одредени станици во регионите на источен и централен Харкив, Кировохрад, Донецк и Днипропетровски, поради оштетена енергетска инфраструкура. Сепак, возовите сообраќаат, со измена на електрични и на парни локомотиви, коишто биле подготвувани за вакви ситуации, пишува АП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пост на Фејсбук манипулира дека со дрон намерно се палеле шуми

Станува збор за хеликоптери кои се користат за да се стопира понатамошното ширење на шумски пожар, односно за контролирано палење, при што се прави обрач околу огнот за да...
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download karbonn firmware
Free Download WordPress Themes
udemy course download free