fbpx

Србија бара КФОР да дозволи српска војска на Косово, за Курти тоа е враќање во времето на Милошевиќ

-

Србија одлучи да достави барање до командантот на КФОР на административните гранични премини за враќање на српските воени и полициски сили на Косово. Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека барањето синоќа требало да биде испратено до КФОР и по електронска пошта, пренесе Би-Би-Си на српски јазик.

Според Вучиќ, враќањето на српската војска на Косово би ги намалило тензиите, но како што рече не е оптимист дека ќе се прифати.

Овој потег на Србија се случува на денот кога Косово поднесе официјално барање за членство во Европската унија.

Америка веќе изрази противење на предлогот на Белград, чиј пратеник за Балканот Габриел Ескобар изјави: „Ние категорично го отфрламе и воопшто не го поддржуваме“.

Ескобар и пратеникот на Европската унија за Балканот, Мирослав Лајчак, претходните два дена разговараа со властите во Приштина и Белград за, како што напиша европскиот дипломат на Твитер, политичко решение кое ќе ги намали тензиите и ќе овозможи отстранување на барикадите.

Засега, пак, не се знае кога би можело да се отстранат барикадите кои веќе шести ден се поставени на патиштата на северот на Косово, ниту кој ќе ги отстрани.

По разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ескобар во интервју за РТС изјави дека барикадите на северот на Косово треба мирно да се отстранат од тие што ги поставиле.

Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека нема оправдување за барикадите, бидејќи проблемот со регистарските таблички бил решен, а локалните избори се одложени.

„Во соработка со НАТО и КФОР работиме на брзо и мирно решение на ситуацијата“, повтори Курти на Твитер.

Косовскиот премиер претходно оцени дека Србија сака да се врати во минатото.

„Тие сакаат да се вратат во времето на Милошевиќ и војната, како и да го вратат прашањето за Косово во ОН и што подалеку од ЕУ“, напиша Курти на Фејсбук додавајќи дека Косово сака мир и напредок, но ќе одговори на евентуална агресија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...