fbpx

Не е вистина дека 100 илјади Косовци поднеле барање за македонски пасош

Станува збор за граѓани на Косово кои поднеле барања за пасоши во сопствената држава, односно во Косово, а не во С. Македонија

-

Тврдењето дека 100 илјади граѓани на Косово поднеле барања за пасош во нашата држава и дека поради нив се градат згради во Скопје е неточно. Станува збор за погрешно разбран наслов, по што се креираат дезинформации на социјалните мрежи. Оваа вест се однесува на Косово, а не на  С. Македонија, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Фејсбук објави тврдат дека од почетокот на годината речиси 100 илјади Косовци поднеле барање за пасош во С. Македонија  Ова е дезинформација.

ОКУПАЦИЈА-КОСОВАРИЗАЦИЈА

СЕ Е ДЕЛ ОД АГЕНДА

МИСЛИ ЛИ НЕКОЈ ЗА

ОПСТАНОК НА МАКЕДОНИЈА!

ПС

Јасно ли е зошто се градат зградурини низ Скопје!, пишува во објавата во која се споделува  напис со наслов:

Речиси 100 илјади Косовци поднеле барање за пасош од почетокот на годинава

Често се случува корисниците на социјалните мрежи, прелистувајќи да прочитаат наслов на некои медиуми и да донесат заклучок кој што нема поврзаност со реалноста. Тоа се случува затоа што корисниците воопшто не го отвораат медиумскиот напис за сеопфатно да се информираат, туку носат заклучок само од насловот кој сепак не може да ја пренесе целосната информација.

Таква е и ситуацијата со објавите коишто се предмет на оваа рецензија. Во неколку наврати тукатука и тука корисниците на Фејсбук прочитале наслов од којшто донеле погрешен заклучок, па следниот чекор им е ширење на дезинформации на интернет просторот и кревање паника.

Имено, на неколку портали се појави вест со наслов „Речиси 100 илјади Косовци поднеле барање за пасош од почетокот на годинава“. Без целосно да се прочита информацијата, дел од корисниците на Фејсбук помислиле дека станува збор за граѓани на Косово коишто поднеле барање за пасош во нашата држава. И, таква погрешно разбрана информација која е невистина продолжуваат да ја шират со свои дополнителни заклучоци. Дел од тие дополнителни заклучоци се дека ова е причината поради која се градат згради во Скопје.

Но што е реалноста?

Оваа вест објавена на порталите е во категоријата Балкан и воопшто не се однесува на Македонија. Во самиот текст, добро е објаснето на што се мисли. Имено, станува збор за граѓани на Косово кои поднеле барања за пасоши во сопствената држава, односно во Косово, а не во С. Македонија.

Речиси 100.000 граѓани на Косово поднеле барање да добијат пасош, од кои над 55.000 по првпат, од почетокот на јануари годинава, кога беа укинати Шенген-визите за косовските државјани, јави дописникот на МИА од Приштина.

Со целосниот хаос што настана во нашата држава со промена на личните документи, а поради обврските преземени со Договорот од Преспа, оваа погрешно пренесена информација креира паника и уште поголем гнев кај корисниците на социјалните мрежи. Некои извлекуваат заклучок дека граѓани од други држави поднеле барање за документи во нашата држава, што дополнително ја поткрева атмосферата околу целата ситуација со замената на пасошите.

Тврдењето дека 100 илјади граѓани на Косово поднеле барања за пасош во нашата држава и дека поради нив се градат згради во Скопје е неточно. Станува збор за погрешно разбран наслов, по што се креираат дезинформации на социјалните мрежи. Затоа оваа објава ја оценуваме како невистинита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...