среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: струја | 247 резултати

Од домашно прозводство покриена 93,2 отсто од потрошувачката на струја во август

октомври 24, 2025

Вкупното бруто-домашното производство на електрична енергија во август 2025 година изнесувало 381 301 МWh, што претставува 93.2 % од бруто-домашната потрошувачка на струја, соопшти Државниот завод за статистика. Во август 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 409 092 МWh електрична енергија, 20.185 мил. нм3 природен гас, 267 987 тони јаглен и 110 475 […]

Евтина струја – дали навистина плаќаме најниска цена на електричната енергија во Европа?

август 21, 2025

За своето тврдење дека ние сме држава во Европа која има една од најниските цени за електрична енергија за домаќинства, премиерот Мицкоски се повикува на „Евростат и според сите останати параметри“. Во анализите објавени на веб-страницата на Евростат може да се најдат детални податоци за потрошувачката на домаќинствата за сите европски држави, но последните ажурирани […]

Рокот за аплицирање за помош за сметки за струја истекува на 31 август 2025

август 14, 2025

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите граѓани кои ги исполнуваат условите дека до 31 август 2025 година можат да поднесат барање за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија. Програмата обезбедува месечен надомест од 1.000 денари во тек на 12 месеци, преку директно намалување на сметките за струја. Право на аплицирање имаат […]

Европски пари наменети за граѓаните завршиле кај државната ЕСМ

август 1, 2025

Европската Унија додели 80 милиони евра помош за граѓаните на Северна Македонија за ублажување на енергетската криза, но дел од тие средства, наместо кај домаќинствата, завршиле во касата на државната компанија ЕСМ, покажува истражувањето на граѓанската мрежа „Бенквоч“, објави Радио Слободна Европа. Наместо како директна помош за домаќинствата, дел од парите се слевале кон државната […]

Десетици илјади ранливи семејства оставени без субвенции за струја, реагираат експерти

август 1, 2025

Новата програма за енергетска поддршка на Министерството за енергетика, не опфаќа доволен број на семејства на кои им е потребна помош за надминување на енергетската сиромаштија, реагираат од здружението Инженери на Македонија. Од таму посочуваат дека над 38.000 домаќинства живеат на работ на сиромаштија, но и покрај тоа новата програма опфаќа 3.932 семејства што е […]

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

мај 18, 2025

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на делови од електроенергетскиот систем на Македонија, откако настана дефект во 110 kV преносната мрежа, велат од Македонскиот електро-преносен систем оператор (МЕПСО). Како што соопштија од таму, причина за испадот биле несоодветно високите напони во регионалната 400 kV мрежа, кои довеле […]

Шпанија и Португалија во мрак: Милиони погодени од најголемиот прекин на струја во последните години

април 28, 2025

Масовен прекин на струја вчера го парализираше поголемиот дел од Шпанија и Португалија, запирајќи ги возовите, оневозможувајќи телефонски услуги и исклучувајќи семафори и банкомати за милиони граѓани на Пиринејскиот Полуостров, јави Асошиејтед прес. Шпанската компанија за дистрибуција на електрична енергија, Ред Електрика, соопшти дека целосното обновување на струјата би можело да трае меѓу шест и […]

ИНРМ: Граѓаните сами да се бранат од паушални сметки, ЕВН нема капацитет за фер наплата според реална потрошувачка

април 12, 2025

Останува на граѓаните редовно да изразуваат сомнеж во точноста на своите сметки за електрична енергија и да поднесуваат приговори до ЕВН Хоме, со цел да се заштитат од нереално и паушално изготвени сметки врз основа на проценети (естимирани) вредности. Со тоа, граѓаните користејќи го своето право да поднесуваат приговори ќе спречат неправедна наплата со префрлување […]

Сите граѓани кои добиле високи сметки за струја да поднесат приговор или самите да си ги читаат броилата, апелираат Министерство за енергетика и РКЕ

март 4, 2025

Сите граѓани кои добиле повисоки сметки за електрична енергија, да поднесат проговор до ЕВН Хоум, апелираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини Регулаторната комисија за енергетика. На тој начин може да се отпочне постапка за дополнителна проверка на броилото и утврдување на потошената енергија. Доколку одговорот од ЕВН Хоум е незадоволителен, постапката продолжува […]

Ако сметката за струја ви е висока, поднесете приговор во ЕВН и во РКЕ

февруари 7, 2025

Потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на потрошената енергија и износот на сметката, (согласно член 37 од Законот за енергетика, Правилата за снабдување со електрична енергија и Правилата за постапување на приговори и разрешување на спорови, потрошувачите за секоја фактура), имаат право да поднесат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН Хоме. Ако потрошувачот не е задоволен […]

Сметките за струја – предизвик за УКИМ, се бара решение

декември 24, 2024

Високите сметки за струја се предизвик за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Ова го истакнала ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова на средбата со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Како што соопштија од Министерството за енергетика, ректорката Ангелова ја истакнала важноста на енергетската стабилност за редовното функционирање на универзитетот, […]

Бислимовски: Ниските сметки за електрична енергија се причина за големиот интерес за инвестиции во струја од сонце

август 15, 2024

Од јануари до јули годинава, издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 MW, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). „Пониските сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи избори […]

Андоновска: Среде епидемија на голема кашлица, ќе останевме без реагенси за оваа болест

август 1, 2024

Вчера бев известена од вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) дека не функионираат дел од фиржидерите на одделот на микробиологија, во кој се чуваат реагенси за најразлични заразни и незаразни болести. Меѓу нив се и оние за голема кашлица, а ако не реагиравме на врме, ќе останевме и без нив, и тоа среде епидемија […]

Вработен во ИЈЗ ја исклучил струјата кај коморите со реагенси за испитување заразни и незаразни болести

август 1, 2024

Вработен во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вчера ги исклучил сите склопки на коморите каде се чувале реагенси за испитување на заразни и незаразни болести, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). По ова, Јавното обвинителство итно оформи предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело. „Вчера […]

Европската мрежа на оператори истражува како дошло до прекин на струја во регионот

јуни 22, 2024

Европската мрежа на оператори на преносни системи ЕНТСО-Е го истражува инцидентот што се случи вчера во дел од системот за снабдување со електрична енергија во Југоисточна Европа, објавено е денеска на страницата „ENTSO-E“. Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил во Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и делумно во Хрватска. „Загрозените оператори на […]

Без струја речиси цела Црна Гора, како и делови од Хрватска, Албанија и БиХ

јуни 21, 2024

Речиси цела Црна Гора, како и хрватскиот регион Далмација и делови од Босна и Херцеговина и Албанија, се останати без струја. Според „Вијести.ме“, без струја се останати Сараево, Зеница и Бања Лука, а хрватскиот медиум „Слободна Далмација“ извести дека без струја се градовите Сплит, Шибеник, Дубровник, Задар, како и бројни други острови и градови. Во […]

Бислимоски: Изненадување е и за мене дека ЕСМ ќе ја продава струјата за 60 евра за мегават час

јуни 17, 2024

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски изјави дека за него е „изненадување“ дека Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), почнувајќи од 1 јули, ќе ја продава струјата за 60 евра за мегават час, наспроти сегашната цена од 57 евра. Бислимоски дополни дека е загрижен што според новиот тендер со универзалниот снабдувач на струја […]

Бислимовски: РЕК Битола произведува струја од сонце, ветер, вода и биомаса

февруари 24, 2024

За дваесет и пет месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори кои произведуваат електрична енергија, што е доволна за просечна потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопштија денеска во Регулаторната комисија за енергетика. Како што информира претседателот Марко Бислимовски, за 25 месеци државата го има новиот еколошки РЕК Битола кога е […]

Бектеши: До крајот на април одлука за снабдувачот на домаќинствата со струја

јануари 31, 2024

До крајот на април треба да се донесе одлуката кој ќе биде новиот универзален снабдувач со струја (што ги опфаќа домаќинствата) и потоа одлуката ќе биде доставена до Владата, информираше министерот за економија Крешник Бектеши денеска, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за субвенциите за набавка на инвертер-климатизери. „За универзалниот снабдувач се добиени три понуди, […]

Неплатени сметки вчера ја оставија библиотеката „Браќа Миладиновци“ без струја – трет пат за помалку од две години

јануари 25, 2024

Без струја вчера останала Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Причина за исклучувањето биле неплатени сметки за електрична енергија и за дистрибуција на истата. Исклучувањето на струјата во библиотеката, во рамки на која функционира и најпосетуваната читалница во главниот град, се случува среде испитна сесија на најголемиот универзитет, „Св. Кирил и Методиј“. Струјата во објектите […]

Страна 1 од 13