четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: инвазија | 36 резултати

Руски агенти во мантија

март 4, 2024

Режимот на Путин ја користи Руската православна црква за ширење влијание во православните земји. Оваа црква врши огромен притисок врз останатите цркви и го спречува доделувањето на Томосот за МПЦ. Преку разузнавачки активности, руските свештеници врбуваат црковни лица насекаде во помесните балкански цркви, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: По […]

Според Украинците, рускиот трагичен биланс достигнал 376.030 елиминирани

јануари 21, 2024

Украинските сили досега елиминирале 376.030 руски војници – од 24 февруари 2022 и почетокот на денешниот ден, известува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во текот на изминатото деноноќје, биле онеспособени уште 760 припадници на руските инвазиски сили. Како што соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, биле уништени и 6.181 руски тенкови, 11.466 оклопни борбени […]

Повелбата на ОН не ѝ дава право на Русија да ја нападне Украина

октомври 23, 2023

Членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН не ѝ даваат право на Русија да ја нападне Украина или која било друга држава од земјите наведени во објавата, поради, како што се тврди, „обиди за заживување на нацизмот“. Членот 107 повеќе не е релевантен од причина што веќе не постојат непријателски земји и секоја држава која […]

Украина не ја замолчи короната, ниту пак, настаните во Израел ја замолчија Украина

октомври 16, 2023

Коронавирусот сè уште го има и покрај војната со Украина, иако ситуацијата не е загрижувачка како на почетокот и првата година од пандемијата со ковид-19. Нормално е дека конфликтот што се случува помеѓу Израел и Палестина зазема централно место во медиумскиот простор во моментов. Ама тоа не значи дека случувањата таму се помалку или повеќе […]

Со невистинити проруски наративи се оправдува руската воена инвазија на Украина

октомври 5, 2023

Во видеото споделено во оваа објава на Фејсбук контроверзната новинарка која со години е воен кореспондент, Лара Логан презентира мноштво непотврдени тврдења, кои се на иста линија со наративот кој ја оправдува руската инвазија врз Украина.  Магазинот Њујорк објави дека нејзините врски со војската понекогаш ја преминуваа линијата на професионализмот. Нејзиното име се споменува како […]

Зеленски пред самитот на ОН се чуди што уште Русија бара таму

септември 19, 2023

Само неколку часа пред почетокот на заседавањето на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации во Њујорк, украинскиот претседател Володимир Зеленски сугерираше дека меѓународното тело треба да одговори зошто уште дозволува Русија, која изврши инвазија на Украина, да биде дел од организацијата, јави „Асошиејтид Прес“. Зеленски изјавата ја даде посетувајќи ранети украински војници во болница […]

Русија ја започна војната во Украина и нејзина е одговорноста за цивилните жртви

август 24, 2023

Околу 13.000 луѓе беа убиени, од кои една четвртина цивили, а околу 30.000 беа ранети во војната во источна Украина од избувнувањето во април 2014 година до 2019 година. Дополнително, од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, заклучно со 13 август 2023 година, потврдени се вкупно 9.444 смртни случаи на […]

Објавата манипулира дека црквата во Украина не е православна и дека од тоа зависи мирот

август 19, 2023

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани. Така што православието е доминантно во Украина и нелогично е да се враќа нешто што е веќе доминантно. Исто така, објавата манипулира дека мирот во Украина зависи од религијата, иако таа е еден од камењата на сопнување со Русија. Но, таму не може да се […]

Путин не е мало дете за да биде „намамен“ да ја нападне Украина

август 18, 2023

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, Путин е тој кој одлучи целосно неиспровоцирано да го нападне територијалниот интегритет на суверена држава. Исто така, Вашингтон постојано потенцира дека Русија може да ја прекине војната во Украина уште утре, ако се повлече од нејзината територија. Што значи дека САД не сакаат да има војна во Украина, […]

Билборд со натпис „Нема Зеленски, нема војна“ не е поставен во Њујорк

јули 18, 2023

Самото видео, како што пишуваат странски проверувачи на факти, не е ново и е снимено пред руската инвазија врз Украина. Во моментот, зградата е изменета споредено со она што е прикажано на видеоматеријалот, а и семафорите во близина на самата улица се променети и сега се во жолта боја, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот […]

Украинската армија почна офанзива против руските сили во регионот Запорижја

јуни 9, 2023

Украинските воени сили почнаа напади врз окупаторските руски сили во клучниот јужен регион Запорижја, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на руски функционери и воени блогери. Тие велат дека украински војници поддржани со тенкови, артилерија и дронови, втора вечер по ред, се обидуваат да напредуваат јужно од градот Орихив. Високопоставен функционер во украинската одбрана тврди дека непријателот […]

Не е точно дека западните елити долго ја подготвувале војната во Украина

јуни 9, 2023

Западните лидери уште во декември 2021 година ја повикаа Русија да ги смири тензиите и ветија дека ќе ја поддржат Украина во случај на каква било закана од Москва. На 24 февруари 2022 година, Русија, а не западните елити спроведоа целосна воена инвазија врз Украина, односно започна војна со страшни последици врз целиот свет, а […]

Не е вистина дека Полска предизвикува директен конфликт со Русија

мај 10, 2023

Во постот што го рецензираме невистинито се тврди дека Полска предизвикува директен конфликт со Русија. Полска не во војна  со Русија, но прави сè што може за да ѝ помогне на Украина да се брани во војната што Русија ја води против Украина, откако сосема неиспровоцирано во февруари 2022 година Русија изврши воена инвазија врз […]

Лажниот наратив на Кремљ „НАТО се бори со Русија до последниот Украинец“ продолжува да гази

мај 6, 2023

НАТО ниту ја почна воената инвазија, ниту, пак, има свои војници во Украина. Русија е таа којашто ја нападна Украина во февруари 2022 година, а Украина како независна држава има право да се брани и да ги користи расположливите средства на помош од своите пријатели. НАТО испраќа воена помош за Украина, без притоа да биде […]

Тенденциозно и без докази се тврди дека руска ракета убила 200 НАТО офицери во бункер во Украина

мај 5, 2023

Аналитичарот Џилберт Докторов во видеото од постот не презентира ниеден извор за неговото тврдење дека при ракетниот напад на Русија биле убиени генерали на НАТО, скриени во бункер во Украина. Неговото единствено атрибуирање е на  „Русите“. Според официјални  украински лица, базите на НАТО се отвораат само на територијата на земјите членки на Алијансата, а Украина нема […]

Не е точно дека Македонец бил прогласен за најдобар стрелец од генералите на Путин

април 20, 2023

Постот шири невистини дека некој Македонец бил прогласен од генералите на Путин за најдобар стрелец. Такво нешто и според исказот на извесен Дејан Бериќ кој говори во видеото прикажано во рамките на написот што се споделува во постот, не се случило. Како што може да се види во видеото, Бериќ самиот кажува само дека некој Македонец […]

Русија изврши уште еден голем напад врз Украина, парни локомотиви во функција поради недостиг на струја

декември 16, 2022

Украинските власти јавија за експлозии во најмалку три градови во земјата, објаснувајќи дека руските агресорски сили почнале голем ракетен напад на енергетски постројки и на инфраструктура, јави новинската агенција „Асошиејтид Прес“ (АП). Поради недостиг на струја, на шините сообраќаат и парни локомотиви, за возовите да продолжат да сообраќаат. Според објавеното на социјалните мрежи, експлозии имало […]

Пропуштен контекст: Тенденциозно и наменски се тврди дека Зеленски забранува цркви

декември 13, 2022

Во постот што го рецензираме, во којшто се тврди дека украинскиот претседател забранува цркви и опозициски партии, се пропушта контекстот. Зеленски кажа дека Украина ќе ги ограничи активностите на верските организации поврзани со Русија на нејзината територија и ќе го испита статусот на Православната црква, кој зависи од Московската патријаршија. Но, во постот не се […]

Уметничката слика на Ротко е продадена пред 7 години и нема поврзаност со Украина

ноември 30, 2022

Сликата „Без наслов (жолто и сино)“ е на авторот Марк Ротко, изработена во 1954 година. Вистина е дека била продадена за 46,5 милиони долари, но во мај 2015 година, а не сега. Па иако аукцијата се случила пред седум години, сепак сега во 2022 година таа повторно се актуелизира со цел  да се манипулира на […]

Русија „осиромашува“ нуклеарни ракети и ги истрелува врз Украина

ноември 26, 2022

Русија најверојатно ги вади нуклеарните боеви глави од застарени ракети и потоа ги истрелува врз Украина, соопшти британското Министерство за одбрана во последниот разузнавачки извештај споделен на Твитер. „Фотографии од „отворени извори“ [што се јавно достапни за слободно користење] покажуваат крш на најверојатно соборена крстосувачка ракета воздух-земја AS-15 KENT, дизајнирана во 1980-те како ракета строго […]

Страна 1 од 2