fbpx

Најмалку 18 лица загинале, меѓу кои и украинскиот министер за внатрешни работи, во хеликоптерска несреќа кај Кијив

-

Најмалку 18 лица загинаа во хеликоптерската несреќа што се случи утрово во градот Бровари, во Кијивскиот регион, пренесуваат светските медиуми. Си-ен-ен јавува дека меѓу загинатите се тројца високи украински функционери, меѓу кои е и украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски. Шефот на украинската полиција, Игор Клименко потврдил дека меѓу загинатите е и првиот заменик-министер и државниот секретар во ова министерство, пишува Би-би-си.

Помеѓу загинатите лица, девет се наоѓале во хеликоптерот, додека останатите лица се цивили кои загинале од падот на хеликоптерот во близина на детска градинка во Бровари. Две деца се меѓу загинатите лица, додека 29 лица биле повредени при уривањето на хеликоптерот. Според првичните информации, хеликоптерот при падот најпрво удрил во градинката, по што се удрил во станбена зграда.

Повеќе информации во врска со хеликоптерската несреќа треба допрва да се објават од украинските власти.

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олексеј Арестович вчера си поднесе оставка од функцијата, откако претходно сугерираше дека рускиот проектил што го погоди станбениот блок во градот Днипро бил претходно соборен од украинската противвоздушна одбрана, пишува Би-би-си.

Арестович по ваквата објава наиде на жестока реакција од украинската јавност, додека руските власти ја искористија неговата сугестија за да ја обвинат Украина за загинатите во градот Днипро. Неколку украински пратеници започнаа да собираат петиција за разрешување на претседателскиот советник, по што Арестович самиот одлучи да се извини и ја понуди својата оставка со образложение дека направил фундаментална грешка.

Неколку часа по рускиот ракетен напад врз градот Днипро во саботата, Арестович првично објави дека рускиот проектил паднал врз станбениот блок откако претходно бил соборен од украинската противвоздушна одбрана. Украинските власти пак соопштија дека руската ракета Кх-22 немаат можност да ја соборат и укажаа дека ваквите објави се неточни.

„Искрено им се извинувам на жртвите и нивните роднини, жителите на Днепро и на сите кои беа длабоко повредени од мојата прерано погрешна верзија за причината поради која руската ракета погоди станбена зграда“, напиша Олексеј Арестович на Телеграм.

Арестович е еден од најзначајните официјални лица на украинското раководство за време на воената агресија врз Украина, земајќи го предвид фактот дека неговиот Јутјуб канал има над 1,6 милиони претплатници, додека неговите видеа имаат повеќе од 200.000 прегледи. Она што беше невообичаено за украинските официјални власти, тој во своите видео содржини говорел на руски, наместо на украински јазик, пишува Би-би-си.

Во меѓувреме, бројот на загинати во рускиот ракетен напад на градот Днипро се зголеми на 45 лица, меѓу кои се и шест деца, пренесува Укринформ. Украинските власти соопштија дека телата на 15 лица не можат да се идентификуваат, а по нападот за исчезнати се водат уште 20 граѓани, од кои шест се деца. Од под урнатините на станбениот блок се спасени 39 лица, додека од граѓаните кои се наоѓаат во болница, 10 лица се во тешка здравствена состојба.

Русија и во изминатово деноноќие продолжи со гранатирање на населени места низ Украина. Во Днипропетровскиот регион биле гранатирани две населени места, додека градот Херсон на југот од Украина бил погоден во 83 наврати од руските ракети и биле повредени четири лица. Регионот Суми во североисточна Украина бил ракетиран во 37 наврати изминатово деноноќие, додека од руските ракети испалени кон населени места во Донецкиот регион се повредени двајца цивили, објавија украинските власти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...