fbpx

МКЦ, Зоолошката градина и „Водовод и канализација“ добиваат нови директори, Богоев реагира

-

Градоначалничката Данела Арсовска ги смени в.д. директорите на Младинскиот културен центар (МКЦ), ЈП „Водовод и канализација“ и Зоолошката градина. На директорката на ЈП „Комунална хигиена“ ѝ го продолжи мандатот, информираа од Град Скопје.

За нов директор на ЈП „Водовод и канализација“ е назначен Драган Илиевски, а досегашниот директор Марјанчо Митовски, кој на позицијата беше назначен од редот на вработените, продолжува со ангажман како секторски директор на претпријатието.

Зоран Попов, кој е економист по професија и доаѓа од редот на вработените, е новиот директор на Зоолошката градина.

Косана Мазнева ќе продолжи да ја извршува функцијата директор на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Засега од Градот Скопје не го објавуваат новиот директор на Младинскиот културен центар – МКЦ, додавајќи дека тој ќе биде назначен по евалуацијата на биографиите за позицијата.

Поранешниот директор на МКЦ, Ванчо Богоев, вчера откако го добил решението за разрешување во изјава за Фокус рече дека поминал цела голгота, посебно последната недела.

„Ме викнаа да ми го врачат решението за разрешување од функцијата без никакво посебно образложение, освен што е наведено дека заклучно со утре изминуваат шест месеци. Како тоа сега им пречам како директор и не ми продолжија, кога претходно без никаков проблем ми ги продолжуваше мандатот. Или, причина за тоа е што се спротиставив и не играм по нивно“, вели Богоев во изјава за „Фокус“.

Тој истакна дека главните проблеми почнале откако тој се побунил дека буџетот на МКЦ за само една година изнесува 2 милиони денари, што е срамно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...