fbpx

Украинските вооружени сили одвратиле 92 руски напади вчера

-

Вкупно 92 руски напади се одвратени во пет области во Украина вчера, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина во својот утрински брифинг, пренесува британски „Гардијан“.

Руските сили ги концентрираат своите напори на офанзиви кон Бахмут, Лиман, Авдиивка, Мариинка и Шахтарска, во областа Донецк.

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили лансирале пет ракети врз градот Запорижја, а извршиле и 12 авионски и 56 напади со повеќецевни ракетни лансери врз градот Херсон, при што има и загинати цивили.

Украинските воено-воздухопловни сили извршиле шест напади врз времени руски бази, а уште четири бази биле цел на украински ракетни и артилериски напади. Гаѓани се и еден склад за муниција и две станици за електронско војување.

Се предупредува на постојан висок ризик од ракетни напади врз украински цели.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пак во своето ноќно обраќање до нацијата посочи дека од почетокот на годинава во градот Харкив, најголемиот град на североистокот на земјата, паднале 40 ракети испукани од руските сили.

Техничките служби сега напорно работат за да го вратат снабдувањето со струја на илјадници потрошувачи во регионот по последниот масивен руски напад во регионот, којшто се случи во четвртокот. Струја повторно имаат 90 отсто од населението во регионот Харкив, но јавниот превоз, што во голема мерка зависи од струја, сѐ уште не се целосно во функција.

Во меѓувреме, според Институтот за проучување на војната, руските сили вчер ане постигнале напредување во Бахмут што може да биде незвисно потврдено.

Источниот град Бахмут е главната цел на руските напади во последниве месеци. Според портпаролот на источното крило на вооружените сили на Украина, руските сили вчера загубиле 500 свои војници, односно 221 се убиени а 314 ранети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...