четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Херсон | 32 резултати

СЗО предупреди на епидемија на колера во поплавените делови од Украина

јуни 9, 2023

Најмалку едно лице загинало, а неколку се ранети во руските воздушни напади врз Украина што се случиле во текот на изминатава ноќ, информираа украинските власти, а пренесува Укринформ. Еден цивил е убиен, а тројца се ранети во градот Звјахел во регионот Житомир. Според првичните информации, уништени се шест згради, а уште десетици се оштетени. Украинската […]

Разнесена брана кај Херсон, постои опасност од катастрофални поплави

јуни 6, 2023

Во ноќниот напад во областа Херсон уништена е хидроелектраната лоцирана на реката Днипро, а оштетена е и браната во Нова Каховка. Водата веќе почнала да ги поплавува населените места. Во моментов се одвиваат евакуации низ целиот регион, а извештаите покажуваат дека над 16.000 луѓе се загрозени од поплавите. Како што пренесе Би-Би-Си, градот кој е под […]

Зеленски повика војната во Украина да заврши со „нов Нирнберг“

април 26, 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата последна изјава споделена на Телеграм рече дека никој не може да се чувствува безбедно доколку Русија не биде поразена и повика војната да заврши со „нов Нирнберг“, пренесува „Гардијан“. „Секоја манифестација на руски терор, секој ден на агресија е дополнителен аргумент дека сето ова мора да заврши на трибунал […]

Украинските вооружени сили одвратиле 92 руски напади вчера

март 12, 2023

Вкупно 92 руски напади се одвратени во пет области во Украина вчера, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина во својот утрински брифинг, пренесува британски „Гардијан“. Руските сили ги концентрираат своите напори на офанзиви кон Бахмут, Лиман, Авдиивка, Мариинка и Шахтарска, во областа Донецк. Во текот на изминатите 24 часа, руските сили лансирале пет ракети […]

Човечките загуби на руските сили во Украина се искачија на 107.440 убиени

јануари 2, 2023

Украинските воружени сили на територијата на Украина убиле 107.440 руски војници од почетокот на руската воена агресија на 24 февруари 2022 до утрово. Само во текот на вчерашниот ден биле убиени 720 припадници на руските окупаторски сили, јави украинската новинска агенција ukrinform.net. Украинските бранители исто така уништиле 3.031 тенк, 6.093 оклопени борбени возила, 2.027 артилериски […]

Зеленски со пркосна божиќна порака, Путин изјави дека Русија е подготвена да преговара околу Украина

декември 25, 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот народ да истрае пред руските напади додека земјата го слави Божиќ. Во пркосниот говор во саботата Зеленски рече дека слободата има висока цена, но ропството – уште повисока, јави Би-би-си. Опишувајќи ја Русија како „терористичка земја“, Зеленски ги обвини руските војници дека убиваат заради заплашување и задоволство. Во […]

Русија вчера извршила 400 ракетни напади во источна Украина, вели Зеленски

ноември 21, 2022

Руските сили во текот на вчерашното деноноќие истрелале 400 ракети во источниот дел на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Гардијан. Ракетните напади продолжуваат, а претседателот Зеленски вели дека и покрај влошувањето на временските услови, најжестоките битки во земјата се водат во Донецкиот регион. Руските сили се повлекоа од десниот брег на реката Днипро […]

Зеленски го посети ослободениот Херсон

ноември 14, 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети ослободениот јужен град Херсон, од каде ги обвини руските сили дека извршиле воени злосторства пред да се повлечат минатата недела. „Одиме напред. Ние сме подготвени за мир, мир за целата наша земја“, им рече тој на војниците кои стоеја во формација пред административната зграда на главниот плоштад во […]

Недостиг на вода и струја во Херсон откако руските сили ја уништија клучната инфраструктура при повлекувањето

ноември 13, 2022

Руските сили делумно ја уништија браната Нова Какховка која се наоѓа во близина на Херсон, при нивното повлекување од областа. Еколозите сега предупредуваат дека може да дојде до поплава на градовите и селата кои се наоѓаат во близина на браната. Телеграф пишува дека на интернет-страницата на про-воениот руски весник „Известија“ се појавило црно-бело видео кое […]

Руската окупација на Херсон заврши, украинската војска влезе во градот

ноември 11, 2022

Украинската војска денеска влезе во градот Херсон, додека граѓаните на улиците од овој град се поздравуваат со украинските војници. Серхи Клан, член на регионалниот совет на Херсон, е првото украинско официјално лице коешто призна дека градот Херсон е речиси под целосна контрола на украинските вооружени сили, пренесува Си-ен-ен. На социјалните мрежи веќе се објавуваат првите […]

Украинската војска се приближува кон Херсон, на Русија ќе ѝ треба една недела за повлекување

ноември 11, 2022

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека на Русија ќе ѝ требаат барем една недела за да ги извлече своите трупи од градот Херсон кон левиот брег на реката Днипро, пренесува Гардијан. Русија на десната страна на реката Днипро има околу 40.000 војници и разузнавачките податоци покажуваат дека овие сили и понатаму се лоцирани […]

Бројот на загинати и повредени во Украина почна да се брои во стотици илјади лица

ноември 10, 2022

Воената агресија што ја започна Русија врз Украина на 24 февруари годинава доведе до најмалку 100.000 загинати или повредени руски војници, а украинските вооружени сили претрпеле исто така загуби од околу 100.000 загинати или повредени војници. Ова вчера го изјави началникот на Здружениот Генералштаб на американската војска, генерал Марк Мили. Тој додаде дека околу 40.000 […]

Русија се повлекува од градот Херсон кон левиот брег на реката Днипро

ноември 9, 2022

Руската војска доби наредба од министерот за одбрана Сергеј Шојгу за повлекување од градот Херсон и од сите други населени места лоцирани на десниот брег од реката Днипро, пренесуваат светските медиуми. Би-би-си пишува дека рускиот генерал Сергеј Суровикин изјавил оти повеќе не се во можност да го снабдуваат градот и во вакви услови најдобра опција […]

Украина тврди дека руските трупи ограбуваат куќи во Херсон

ноември 8, 2022

Украина ја обвини Русија дека ги ограбува празните домови во јужниот град Херсон и ги населува со војници во цивилна облека за да се подготви за улични борби во, како што предвидуваат двете страни, една од најважните битки во војната, пренесе Ројтерс. Во последниве денови, Русија им нареди на цивилите да излезат од Херсон во […]

Руска пропаганда со кратко траење: Агенцијата на ОН не најде „валкана бомба“ во Украина

ноември 4, 2022

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) при Обединетите Нации потврди дека не пронашле знаци за непријавена нуклеарна активност во Украина, откако изврши увид на три локации на барање на Украина, како одговор на руските наводи дека украинската страна работи на создавање „валкана бомба“, пишува Гардијан. Официјална Москва ја обвини Украина дека планира да употреби валкана […]

Рускиот совет за безбедност откри: Наместо „денацификација“, во Украина вршеле „десатанизација“

октомври 26, 2022

Руската Федерација повторно со променет дискурс како оправдување за воената агресија што ја врши врз Украина. Откако првичниот руски дискурс беше дека нивниот западен сосед треба да се „денацифицира“, сега рускиот Совет за безбедност ја оправдува инвазијата врз Украина со ургентната потреба да се извршела „десатанизација“ на земјата, пишува Гардијан. Лондонскиот весник ги пренесува информациите […]

Путин објави воена состојба во четирите „анектирани“ региони на Украина

октомври 19, 2022

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека потпишал закон со кој се прогласува воена состојба во четирите региони на Украина коишто официјална Москва ги анектираше, односно регионите Херсон, Запорижја, Донецк и Луханск. „Референдумите“ за отцепување од Украина на четирите региони организирани од руските сили и подоцнежната нивна анексија од Русија досега не ги признала ниту една […]

Русија ја најавува битката за Херсон, Украина вели присилно се депортираат цивили

октомври 19, 2022

Руските власти и про-руската администрација во окупираниот јужноукраински регион Херсон велат дека борбата за градот Херсон ќе се случи во многу брзо време. Кирил Стремоусов, прорускиот заменик-началник на Херсонската администрација вчера објави на Телеграм дека во многу брзо време, битката за Херсон ќе започне, пренесува весникот Гардијан. И новиот командант на руската војска во Украина, […]

МНР на Украина: Анектирањето на нуклеарката „Запорижја“ ги зголемува нуклеарните закани

октомври 6, 2022

Откако рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека ги потпишал законите за анектирање на четирите украински региони Луханск, Донецк, Запорижја и Херсон, односно нивно припојување на Руската федерација, но и посебен указ со кој нуклеарната електрана „Запорижја“ се прогласува за руски имот, Министерството за надворешни работи (МНР) на Украина предупреди дека станува збор за уште едно […]

Русите ги објавија „резултатите од референдумот“, новомобилизираните пристигнуваат во Украина

септември 28, 2022

Руската пропаганда ги објави „резултатите од референдумот“ во окупираните четири региони на Украина, според кои 97 отсто од оние што гласале се определиле за „приклучување“ кон Русија, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net, повикувајќи се на украинската телевизија „Ченел 24“. Според соопштените резултати, во самопрогласената „Донецка Народна Република“ 99,23 отсто гласале за спојување со Русија. […]

Страна 1 од 2