fbpx

Зеленски повика војната во Украина да заврши со „нов Нирнберг“

„Русија мора да загуби. Светот не може да има друга цел“, напиша Зеленски

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата последна изјава споделена на Телеграм рече дека никој не може да се чувствува безбедно доколку Русија не биде поразена и повика војната да заврши со „нов Нирнберг“, пренесува „Гардијан“.

„Секоја манифестација на руски терор, секој ден на агресија е дополнителен аргумент дека сето ова мора да заврши на трибунал – во новиот Нирнберг против русизмот, против оние кои уништуваат животи и луѓе, кои користат проектили против музеи и бомби против цркви. Русија мора да загуби. Светот не може да има друга цел“, напиша Зеленски.

Нирнбершките судења беа серија обвиненија и кривични постапки против нацистичките воени злосторници, одржани од ноември 1945 до октомври 1946 година во Палатата на правдата во Нирнберг, Германија.

Инаку, во Украина продолжуваат руските напади врз Херсон. Укринформ објави дека во текот на изминатиот ден биле извршени 75 напади од тешка артилерија, беспилотни летала и авијација.

Соиред Олександр Прокудин, началник на регионалната воена управа на Херсон, руската војска нападнала станбени населби, црковни објекти и продавници во населбата Билозерка.

Европската Унија вчера на Украина ѝ додели уште една транша во износ од 1,5 милијарди евра како дел од програмата за макрофинансиска помош во вкупна вредност од 18 милијарди евра. Ова на Твитер го соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Ќе продолжиме да ѝ помагаме на Украина да се спротивстави на руската агресија, да ги одржува во функција нејзините институции и инфраструктура и да спроведе клучни реформи“, напиша фон дер Лајен на Твитер.

Ројтерс утрово јави дека три воени руски авиони кои летаат без сигнали од транспондер биле пресретнати во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море. Германското воено воздухопловство соопшти дека германските и британските сили идентификувале два борбени авиона Сухој Су-27 и еден авион Иљушин Ил-20.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...