fbpx

Зеленски со пркосна божиќна порака, Путин изјави дека Русија е подготвена да преговара околу Украина

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот народ да истрае пред руските напади додека земјата го слави Божиќ. Во пркосниот говор во саботата Зеленски рече дека слободата има висока цена, но ропството – уште повисока, јави Би-би-си.

Опишувајќи ја Русија како „терористичка земја“, Зеленски ги обвини руските војници дека убиваат заради заплашување и задоволство. Во објава на социјалните мрежи тој покажа слики од улици полни со тела и запалени автомобили велејќи дека „светот мора да види и да разбере против кое апсолутно зло се бориме“.

„Го издржавме почетокот на војната. Издржавме напади, закани, нуклеарни уцени, терор, ракетни напади. Да ја издржиме оваа зима бидејќи знаеме за што се бориме. Ќе ги славиме нашите празници, како и секогаш. Ќе се насмееме и ќе бидеме среќни, како и секогаш. Разликата е една. Нема да чекаме чудо. На крајот на краиштата, ние самите го создаваме“, рече Зеленски во видео-обраќањето до нацијата.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во војната во Украина, пренесува Гардијан.

„Подготвени сме да преговараме со сите вклучени за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив- не сме ние тие што одбиваат да преговараат, тие се“, рече Путин во интервју за државната телевизија Русија 1.

Иако Москва тврди дека е отворена за преговори, Киев и неговите сојузници се сомневаат дека тврдењата на Путин се трик за купување време по серијата руски порази и повлекувања на бојното поле.

Путин и во четвртокот рече дека Москва ќе се залага за крај на војната и дека тоа неизбежно ќе вклучи некаков вид преговори по дипломатски пат, а неговите коментари дојдоа еден ден откако украинскиот претседател Зеленски ги посети САД.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби рече дека Путин покажал „апсолутно нула индикации дека е подготвен да преговара за крај на војната“.

Руските ракетни и беспилотни напади оставија милиони Украинци без струја, греење и вода. Во воздушните напади во јужниот украински град Херсон, вчера загинале повеќе од десет лица, додека бројот на повредени се искачил на 68.

Според Гардијан, меѓу загинатите се и тројца работници на украинската служба за итни случаи кои загинале од експлозија на мина. Гувернерот на Херсон, Јарослав Јанушевиќ ги повика граѓаните да даруваат крв за да им помогнат на жртвите од вчерашното гранатирање.

Херсон, единствениот регионален главен град заземен од Русија од почетокот на војната во февруари, беше ослободен од Украина минатиот месец. Оттогаш е честа мета на руските сили позиционирани на левиот брег на реката Днепар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...