fbpx

Разнесена брана кај Херсон, постои опасност од катастрофални поплави

Засега, според извештаите од нуклеарната централа Запорижја (ЗНПП), која во голема мера се потпира на реката Днипро за системите за ладење на нејзините нуклеарни реактори, ситуацијата е под контрола

-

Во ноќниот напад во областа Херсон уништена е хидроелектраната лоцирана на реката Днипро, а оштетена е и браната во Нова Каховка. Водата веќе почнала да ги поплавува населените места. Во моментов се одвиваат евакуации низ целиот регион, а извештаите покажуваат дека над 16.000 луѓе се загрозени од поплавите. Како што пренесе Би-Би-Си, градот кој е под руска окупација, стана центар на играта на обвинување, при што Украина ја обвинува Русија за уништување на браната додека градоначалникот на Каховка инсталиран од Москва покажува со прст кон Украина за деструктивниот чин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана на земјата за да се реши ескалацијата на ситуацијата.

Засега, според извештаите од нуклеарната централа Запорижја (ЗНПП), која во голема мера се потпира на реката Днипро за системите за ладење на нејзините нуклеарни реактори, ситуацијата е под контрола.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) го потврди своето внимателно следење на настаните кои се одвиваат, препознавајќи ги потенцијалните ризици.

Министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли, изјави дека разрушувањето на браната се случило исклучиво поради руската инвазија на Украина.

„Слушнав извештаи за експлозијата на браната и ризикот од поплави. Сè уште е рано да се направи значајна анализа на деталите“, изјави тој за агенцијата Ројтерс. Но, додаде дека „единствената причина за овој проблем е поради непредизвиканата руска агресија и ја повика Русија да ги повлече своите воени сили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентите во октомври треба да ги продолжат стипендиите

Корисниците на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, од понеделник можат да ги достават...