fbpx

Русија ја најавува битката за Херсон, Украина вели присилно се депортираат цивили

-

Руските власти и про-руската администрација во окупираниот јужноукраински регион Херсон велат дека борбата за градот Херсон ќе се случи во многу брзо време. Кирил Стремоусов, прорускиот заменик-началник на Херсонската администрација вчера објави на Телеграм дека во многу брзо време, битката за Херсон ќе започне, пренесува весникот Гардијан.

И новиот командант на руската војска во Украина, Сергеј Суровикин вчера ја опиша воената ситуација во Херсон како „тензична“, додавајќи дека цивилите се дислоцираат од овој град на југот на Украина. Сепак, украинските власти тврдат дека жителите на Херсон присилно ќе се депортираат. Градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров тврди дека на жителите им се ветуваат пари и живеалишта во Русија за да го напуштат нивниот дом. Сепак, тој тврди дека руските сили се подготвуваат за присилна депортација на целиот град, јавува Укринформ.

Федоров тврди дека руските сили сакаат да доведат во Херсон дополнителни војници и „предавници“, кои би овозможиле воспоставување на „рускиот свет“ на окупираните територии на југот на Украина.

Украинските власти соопштија дека во ослободениот Харкивски регион на истокот од земјата, полициските истражители досега регистрирале 1.601 воени злосторства извршени од руските сили во ослободените територии, но и колаборативни активности, пренесува Укринформ.

Би-би-си ги пренесува извештаите на украинските власти дека 1.162 населени места во моментов се без електрична енергија како последица на руските бомбардирања низ цела Украина. Од канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупредија граѓаните на потребата од заштеда на струја, но и да се подготват за исклучувања од струја во наредниот период.

Украинците се повикани од властите да не користат електрични апарати од 07:00 до 09:00 часот и 17:00 – 22:00 часот на дневна основа, надополнувајќи дека целото население на Украина треба да се подготвува за тешка зима. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема решение за повеќе од 75 oтсто од вработените постари од 46 години во јавните претпријатија

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје...