fbpx
Таг: Херсон

таг: Херсон

МНР на Украина: Анектирањето на нуклеарката „Запорижја“ ги зголемува нуклеарните закани

Откако рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека ги потпишал законите за анектирање на четирите украински региони Луханск, Донецк, Запорижја и Херсон, односно нивно припојување на Руската федерација, но и посебен указ со кој нуклеарната електрана „Запорижја“ се прогласува за руски имот, Министерството за надворешни работи (МНР) на Украина предупреди дека станува збор за уште едно злосторство што уште повеќе...

Русите ги објавија „резултатите од референдумот“, новомобилизираните пристигнуваат во Украина

Руската пропаганда ги објави „резултатите од референдумот“ во окупираните четири региони на Украина, според кои 97 отсто од оние што гласале се определиле за „приклучување“ кон Русија, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net, повикувајќи се на украинската телевизија „Ченел 24“. Според соопштените резултати, во самопрогласената „Донецка Народна Република“ 99,23 отсто гласале за спојување со Русија. Во „Луганска Народна Република“ 98,42...

Референдум за приклучување кон Русија во украинските региони под руска контрола

Во украински области контролирани од Москва и проруските сили започна гласањето на референдумите за приклучување кон Русија, соопштија тамошните про-руски власти, пренесе Асошиејтед прес. Гласањето се одржува во регионите Луханск, Херсон и делумно контролираните од Русија, Запорижје и Донецк. Резултатите од референдумот би биле изговор за Русија да тврди дека обидите на украинските сили да ја вратат контролата се всушност напади...

Руските трупи респоредија 1.300 чеченски борци на Рамзан Кадиров близу Херсон

Околу 1.300 чеченски борци од единицата на Рамзан Кадиров пристигнаа во регионот Херсон за да ги зајакнат руските трупи во привремено окупираните територии, објави украинската државна агенција, Укринформ. Тие го пренесуваат последниот извештај на Генералштабот на вооружените сили на Украина, кој е објавен на нивната официјална Фејсбук страница. „Непријателот продолжува да се фокусира на воспоставување целосна контрола на територијата на регионот...

Билансот на фронтот во Украина се смени, сега Украина си враќа територии

Големата контра-офанзија на украинските одбранбени сили по речиси шест и пол месеци инвазија од вооружените сили на Русија ги даде првите резултати, со враќање територии што беа под контрола на руските сили уште од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари годинава, јавија светските агенции. Сепак, руските сили возвратија жестоко. Според украинската новинска агенција, украинската армија за три дена...

Украина ја започна контраофанзивата против руските сили на југот на земјата

Украинските сили ја започнаа контраофанзивата на окупираните територии од руските сили на југот на земјата, јавува Ројтерс. Светската агенција посочува дека Украина зборува за контраофанзива на југот на Украина веќе два месеци, додека паралелно речиси секојдневно ракетираше позиции на руската војска и инфраструктурни објекти на окупираните територии. „Денеска ние започнавме офанзивни дејствија во повеќе правци, вклучувајќи го и Херсонскиот регион“,...

Украинската армија тврди дека десетици Руси загинале во борбите во Херсон

Украинската војска утринава соопшти дека убила десетици руски војници и уништила две складишта со муниција во борбите во регионот Херсон, центарот на контраофанзивата на Киев на југот на земјата и клучната врска со линиите за снабдување на Москва, пренесе Ројтерс. Железничкиот сообраќај до Херсон преку реката Дњепар е прекинат, соопшти јужната команда на војската, што потенцијално дополнително ќе ги изолира...

Русија планира референдум во окупираниот Херсон, Молдавија стравува од конфликт на нејзина територија

Руските окупаторски сили во Херсон денеска ги растераа демонстрантите кои одржаа мирен протест против одржувањето на т.н. референдум, со којшто би се формирала нова самопрогласена „Народна република Херсон“, јавува Укринформ. Руските сили привеле дел од демонстрантите, а медиумските извештаи јавуваат и за повредени цивили на протестот. Комесарот за човекови права во украинскиот парламент, Људмила Денисова изјави дека намерата на руските...

Населението во Херсон во недостиг на храна и лекови, досега оштетени 139 украински болници

Има недостиг на храна и лекови и репресирање на населението од градот Херсон, којшто на почетокот од март беше окупиран од руските вооружени сили. Ова го тврди украинското Министерство за надворешни работи (МНР) во денешната изјава за хуманитарната ситуација во Херсон. „Руските окупатори ги репресираат жителите на градот. Конкретно, тие на 21 март отворија оган врз мирните демонстранти на Плоштадот...

Киев татнеше од експлозии, Херсон заземен од Русите

Изминатата ноќ за жителите на Киев беше страотна, со 4 силни експлозии што можеа да се слушнат дури и во скривници две нивоа под земја, јавија репортерите на Би-Би-Си во главниот град на Украина. Засега нема информации за цивилни и воени жртви. Во гранатирањето и ракетирање на градот Изиум, загинати се 8 луѓе, од кои најмалку 2 деца, јави официјалниот...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...