Четворица загинати и деветмина повредени во руските напади на Херсон

Во меѓувреме, шефот за надворешна политика на ЕУ рече дека Путин нема да се откаже од војната во Украина, особено не пред изборите во САД догодина

-

Руските гранатирања и напади со беспилотни летала врз јужниот украински регион Херсон во изминативе 24 часа однеле четири животи.

Како што пренесува Гардијан, гувернерот на Херсон, Олександар Прокудин, вчера објави дека во напад со беспилотно летало е убиен маж во градот Станислав, југоисточно од градот Херсон. Оттогаш Прокудин потврди уште три смртни случаи, а кажа дека девет лица се повредени.

Утрово на Телеграм, гувернерот напиша дека брачен пар во нивните 80-ти години е убиен откако руска артилериска граната погодила станбена зграда, додека телото на маж било откриено во центарот на Херсон, по расчистување на урнатините.

Според „Кијив Индепендент“, регионот бил нападнат 88 пати во текот на изминатиот ден.

Во меѓувреме, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин нема да биде „задоволен“ со ограничена територијална победа во Украина.

Постоењето на ЕУ е загрозено во Украина, рече Борел, додавајќи оти иднината на блокот е загрозена и од оваа, но и од војната во Газа, пренесува Гардијан.

Тој се осврна кон руската инвазија врз Украина додека зборуваше за стравувањата дека тековната неизвесност може да ги поттикне гласачите да изберат десничарски популистички партии за Европскиот парламент.

„Можеби ова е моментот кога треба да ја разгледаме опасноста што доаѓа од една голема сила која ја загрозува нашата демократија, која ѝ се заканува на самата Европа, не само на Украина. И ако не го промениме курсот брзо, ако не ги мобилизираме сите наши капацитети, тоа ќе му дозволи на Путин да победи во војната во Украина. Слично на тоа, ако не можеме да ја запреме трагедијата што се случува во Газа, мислам дека нашиот проект ќе биде многу оштетен“, рече Борел.

Шефот за надворешна политика на ЕУ кажа дека Путин нема да се откаже од војната, особено не пред изборите во САД догодина.

„Затоа, мора да се подготвиме за конфликт со висок интензитет, за долго време“, кажа Жозеп Борел.

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 38 пожари на отворено, три сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни,...

Д-р Османи: За 5 години антимикробната резистентност може да е главна причина за смрт на светско ниво

Антимикробна резистентност сè повеќе зема замав кај нас, во Европа и во светот, па се смета дека до 2030 година, таа може да е главна причина за смрт на светско ниво....

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати...