fbpx

Рускиот совет за безбедност откри: Наместо „денацификација“, во Украина вршеле „десатанизација“

-

Руската Федерација повторно со променет дискурс како оправдување за воената агресија што ја врши врз Украина. Откако првичниот руски дискурс беше дека нивниот западен сосед треба да се „денацифицира“, сега рускиот Совет за безбедност ја оправдува инвазијата врз Украина со ургентната потреба да се извршела „десатанизација“ на земјата, пишува Гардијан.

Лондонскиот весник ги пренесува информациите од руската државна агенција ТАСС, односно изјавата на Алексеј Павлов, заменик секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација кој вели дека има „стотици секти“ во Украина и нејзините граѓани ги напуштиле православните вредности.

И додека рускиот дискурс за пред јавноста често се менува, на фронтот во Украина продолжуваат руските напади. Најмалку еден цивил загинал вчера во офанзивата на руските сили кон градовите Бахмут и Авдивка во Донецкиот регион, пишува Гардијан. Покрај борбите на фронтот, руските сили во изминатово деноноќие пет ракетни напади, 30 воздушни напади и над 100 напади со ракетни системи со повеќекратно лансирање врз повеќе од 40 населени места во Украина, информираат украинските официјални власти.

Притоа, во ракетниот напад врз градот Днипро била погодена бензинска пумпа, при што најмалку двајца цивили загинале, а тројца се ранети, пренесува Укринформ. Покрај во Днипро, изминатава ноќ имало руски ракетни напади и врз градот Никопол во Днипропетровскиот регион.

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олексиј Арестович изјави дека додека трае присилната евакуација на цивилите од Херсон, тој предупреди дека руските сили се вкопуваат и се подготвуваат да го бранат главниот град на Херсонскиот регион, пишува Гардијан. Арестович изјави дека не постојат знаци дека руската војска се подготвува да го напушти градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...