fbpx

Во Украина се интензивираат воените дејствија, расте бројот на загинати цивили

-

Десетици илјади руски војници се стационирале во Луханскиот регион во изминативе недели, со кои Русија сака да започне нова воена офанзива, пренесува Укринформ. Руските сили во изминативе денови ги засилија операциите во близина на градовите Кремина и Билохоривка, а гувернерот на Луханскиот регион Серхиј Гајдај вели дека плановите на Русија се да ја исцрпи Украина на фронтот. Гајдај додава дека најтешкиот дел од битката се одвива на линијата на фронтот Кремина – Лиман.

Украинските власти информираат дека во Херсонскиот регион во изминативе 24 часа загинале тројца цивили поради руските ракетни напади во областа Берислав. Седум лица биле повредени, при што градовите и селата од овој регион биле ракетирани во 76 наврати, јавува Укринформ.

Како последица на засилените воени дејствија од страна на Русија, во Донецкиот регион само во последново деноноќие загинале пет цивили, а најмалку 10 лица се повредени, соопшти гувернерот на Донецкиот регион Павло Кириленко. Сите загинати цивили се од градот Бахмут, каде што се водат интензивни напади на руските сили врз украински позиции.

Руски ракетни напади во изминатово деноноќие се регистрирани во регионите Харкив и Суми. Градот Харкив бил гаѓан со ракети од системи за противвоздушна одбрана С-300, при што биле погодени инфраструктурни објекти. Во североисточниот дел на Украина најмалку 70 експлозии одекнале во населените места Велика Писаривка, Есман, Хотин, Нова Слобода, Билопилија, Краснопилија и Шалухуне во регионот Суми, пренесува Укринформ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето последно видео обраќање до украинската јавност изјави дека негов приоритет е да ги спречи руските напади и да се подготви за евентуална украинска контраофанзива.

„Одржување на ситуацијата на фронтот и подготовка за какви било непријателски чекори на ескалација – тоа е приоритет за блиска иднина“, рече Зеленски.

Инаку, денеска во Минхен започна 59-тата Безбедносна конференција, на која ќе учествуваат голем број високи меѓународни претставници, шефови на држави и влади, министри, како и претставници на меѓународни организации и на невладин сектор. Клучната тема на овогодинешната Минхенска безбедносна конференција ќе биде руската инвазија врз Украина како пресвртница во глобалната политика и најголем европски безбедносен предизвик.

Покрај германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и американската потпретседателка Камала Харис, на Минхенската безбедносна конференција се очекува да се обратат и украински претставници. Руските лидери ќе бидат отсутни од конференцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...