fbpx

Русија со ракетни напади врз Кијив, има повредени и загинати лица

-

Серија од експлозии го погодија украинскиот главен град Кијив, а руски напади се регистрирани и во други градови низ Украина, јавува Би-би-си. Дел од експлозиите утрово се случија во центарот на Кијив, при што се регистрирани неколку загинати и повредени лица.

Украинските власти соопштија дека Кијив е нападнат во неколку наврати утрово и ги советуваа граѓаните да останат во засолниште, но и да не ги фотографираат или снимаат локациите што се нападнати од руските сили.

Би-би-си јавува дека утрово под ракетен напад бил и градот Лвив во западниот дел на Украина, заедно со градовите Днипро, Хмелницки и Запорижја.

„Украина е под ракетен напад. Постојат информации за ракетирања во многу градови. Жртви меѓу цивилите се регистрирани“, Кирило Тимошенко, заменик раководител на кабинетот на украинскиот претседател, пренесува Укринформ.

Најмалку едно лице загина изминатава ноќ во ракетниот напад врз станбена зграда што се случил во градот Запорижја. Во градовите од Донецкиот регион изминативе 24 часа се регистрирани три загинати лица како последица на руските напади, јавува Укринформ.

Светските медиуми јавуваат дека руските напади врз украински градови претставуваат одмазда за саботниот напад врз Кримскиот мост, којшто беше изграден по окупацијата на полуостровот Крим за железничко и патно поврзување со копнениот дел на Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...