fbpx

Ковачевски: Го осудувам формирањето здруженија што ги повредуваат чувствата на македонските граѓани

-

Јас го осудувам формирањето на здруженија кои ги повредуваат чувствата на македонските граѓани, зашто дел од имињата на личностите со кои се именуваат овие здруженија, се поврзани со најмрачното минато во Европа, а тоа е со фашистичкот режим на Хитлер. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција која денеска се одржа во Владата.

„Како што го осудив формирањето на здружението во Битола и во Охрид, така го осудувам и секое друго здружение кое се прави со намера да внесе раздор во односите кои ги имаат Северна Македонија и Бугарија“, рече тој.

Ковачевски кажа дека се работи за здруженија кои се ргистрираат согласно нашиот Закон за здруженија и невладини организации.

„Ние имаме веројатно најлиберален закон во тој дел. Разговарав со министерот за правда, тие веќе подготвуваа нов закон, му сугерирав да го земе германското законодавство и да ги вклучи сите политички партии, да ја вклучи еврејската заедница, како најпогодена во фашистичкиот период. Не смее да се злоупотребуваат чувствата на граѓаните и да се нарушуваат односите со друга држава“, додаде премиерот.

Пред два дена, партијата Левица организираше протест пред седиштето на здружението „Цар Борис III“ во Охрид. Оттаму рекоа дека како што поднеле иницијатива за забрана на здружението „Иван Михајлов“ во Битола, така поднеле и иницијатива за забрана на новоотвореното Здружение „Цар Борис III“ до Основното јавно обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...