fbpx

Зеленски не ги убеди Републиканците за дополнителна помош од САД, во Кијив напади

Украинскиот претседател е очаен бидејќи судбината на неговата нација може да виси на конец. Неговиот американски колега Џо Бајден е очаен бидејќи ја гледа украинската војна како клучно бојно поле во светскиот конфликт меѓу демократиите и автократските режими. На крајот на денот, сепак двајцата имаше малку што да покажат за нивните напори

-

Третата посета на Вашингтон на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше обоена во очај. На овој начин Би-би-си го започнува текстот за посетата на Зеленски, која претставува последен обид да се добие нова воена помош од американскиот Конгрес, пред да секнат досега одобрените средства за Украина од САД.

Украинскиот претседател е очаен бидејќи судбината на неговата нација може да виси на конец. Неговиот американски колега Џо Бајден е очаен бидејќи ја гледа украинската војна како клучно бојно поле во светскиот конфликт меѓу демократиите и автократските режими. На крајот на денот, сепак двајцата имаше малку што да покажат за нивните напори.

Зеленски имаше седница со американските сенатори зад затворени врати. Тој се сретна со републиканскиот спикер на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, кој пак не се појави во јавноста со украинскиот претседател.

Различните приоритети на демократите и републиканците во Сенатот и во Претставничкиот дом се видливи. Додека претставниците на Демократската партија на САД се подготвени да потрошат повеќе пари во воена помош од 110 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, Републиканската партија бара фундаментална реформа на начинот на обработка на мигрантите без документи кои бараат политички азил во САД.

По средбата со Зеленски во вторникот наутро, републиканските сенатори беа јасни дека иако сочувствуваат со маката на Украина, ја гледаат ситуацијата на границата со САД како поитна грижа за националната безбедност.

„Му се восхитувам, но тој воопшто не ми го смени мислењето за тоа што треба да правиме“, изјави за Би-Би-Си републиканскиот сенатор Линдзи Греам од Јужна Каролина, кој долго време се сметаше за надворешнополитички јастреб.

Американскиот претседател Џо Бајден сега ќе треба да одлучи – или ќе мора да ги убеди републиканците да се повлечат од нивната имиграциска борба – или да направи отстапки што дел од демократите ќе ги сметаат за крајно непријатни.

Во моментот, барем, републиканците, чии гласачи со месеци се намалуваат со постојаната поддршка за Украина, изгледаат поподготвени да дозволат да истече помошта за Украина за да постигнат победа, што ќе биде славена од нивната база. И ако уште повеќе ја скрши демократската коалиција во процесот, дотолку подобро за изборните надежи следната година.

За време на заедничката прес-конференција на крајот од долгиот ден на состаноци, и украинскиот претседател Володимир Зеленски и Џо Бајден се обидоа да направат оптимистички пресврт на она што се чини дека е залуден напор. Американскиот претседател рече оти се надева дека ќе се најде разрешница, но не може да ветува.

Неговиот украински колега рече дека им кажал на Американците што сака да направи и дека одговорот од САД е позитивен.

Во меѓувреме, руската агресија врз Украина не стивнува. Во Кијив изминатава ноќ била ракетирана детска болница, при што најмалку 51 лице биле повредени во нападот, од кои шест се деца, пренесува Гардијан.

Украинските системи за противвоздушна одбрана ги собориле сите 10 балистички ракети со кои Русија го таргетираше украинскиот главен град околу 3 часот наутро. Паѓањето на урнатините предизвикало повреди и уништување во четири квартови на Кијив. Остатоците погодиле неколку станбени згради во населбата Днипровски, но била оштетена и детска болница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...