fbpx

Во Украина се водат жестоки битки, на припадници на баталјонот Азов им се суди во Русија

Москва го освои пристаништето на Азовското Море минатата година, по тримесечна битка што го претвори најголемиот дел од градот во урнатини. Последните преостанати украински бранители им се предадоа на руските сили во мај 2022 година

-

Исклучително жестоки битки се водат во делови на Украина додека силите на Кијив продолжуваат со контраофанзивата, изјави украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар.

Како што пренесува Би-Би-Си, Малиар на Телеграм напишала дека украинските сили успеале да напредуваат во близина на Бахмут на исток и Запорижја на југ.

Таа, исто така, признава дека руските сили имаат цврста одбрана во некои области.

Нејзините коментари доаѓаат по уште една ноќ на руски ракетни напади и напади со беспилотни летала врз повеќе украински градови.

Во раните утрински часови погодени биле индустриски капацитети во регионот Днипропетровск, јави Укринформ. Украинската новинска агенција објави дека руските сили ноќеска со проектили повторно го нападнале Кривиј Рих, при што бил повреден 38-годишен маж.

Регионалниот воен портпарол Серхиј Братчук рече дека серија напади со беспилотни летала имало и врз Одеса, но биле одбиени со системите за противвоздушна одбрана.

Изминатово деноноќие руските сили го гранатирале и регионот Херсон и тоа 40 пати, објави Укринформ. Повредени биле двајца цивили додека руската војска гаѓала станбени квартови.

Инаку, „Јуроњуз“ пишува дека вчера во јужна Русија им се судело на повеќе од 20 заробени украински воени затвореници – членови на баталјонот Азов. Станува збор за елитна единица на украинските вооружени сили која се борела со руските војници во Мариупол.

Москва го освои пристаништето на Азовското Море минатата година, по тримесечна битка што го претвори најголемиот дел од градот во урнатини. Последните преостанати украински бранители им се предадоа на руските сили во мај 2022 година.

Руските власти го прогласија баталјонот Азов за терористичка група. Обвинетите се соочуваат со обвиненија за вмешаност во терористичка организација и учество во акција за соборување на властите поддржани од Русија во регионот на Доњецк.

Доколку бидат прогласени за виновни, може да се соочат со казна затвор од 15 години до доживотно.

Како што пишува „Јуроњуз“, од првично обвинетите 24 лица, двајца се вратени во Украина како замена за руски заробеници. Од преостанатите 22 обвинети, осум се жени, кои наводно работеле како готвачки во баталјонот Азов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...