fbpx

Спасовски: Миграцијата може да се менаџира само ако има партнерство меѓу сите европски држави

„Иако ние не сме засегнати многу со бегалците од Украина како што се земјите во тој регион, сепак ги преземавме сите мерки како Влада, да можеме да пружиме најефикасна помош за секој граѓанин кој ќе побара заштита“, рече Спасовски

-

Миграцијата може да се менаџира само ако има партнерство меѓу сите европски држави. Ако ги следиме сите активности кои се преземени од 2015 година до денеска, може да се види колку лоши капацитети имавме за справување со миграцијата и како тие се надградија. Ова го истакна во своето денешно обраќање министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој ја отвори сесијата „Управување со миграциите на релација ЕУ – Западен Балкан“, во рамки на Преспа форумот за дијалог, насловен како „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?”, организиран од Министерството за надворешни работи во Струга.

„По настаните во 2015 година кои ги почувствуваме, несомнено и во годините пред нас миграцијата ќе биде приротитена тема на општествено-политичката агенда оти тоа е најголем предизвик со кој светот ќе се соочува. Не само поради нашето непосредно соседство ни доаѓаат најмногу мигранти, туку и поради Блискиот исток, надополнети со инвазијата на Русија, и денес се далеку од реална стабилизација“, рече Спасовски.

Тој потсети дека нашата земја е земја на транзит, а мигрантите најчесто се ранливи категории лица, на кои им е потребна меѓународна заштита.

„За МВР и за С. Македонија, од значење е потпишувањето на договорот со ЕУ, односно со ФРОНТЕКС, со Агенцијата за европската гранична стража, оти тоа е прв договор меѓу ЕУ и С. Македонија, кој беше потпишан на македонски јазик. За нас како МВР беше важен од оперативен аспект, да се подготвиме добро, да го започнеме имплементирањето на овој договор. Ќе продолжи контролата на миграциските текови, заедно ќе придонесеме на регионалната и националната безбедност оти тие имаат силни импути врз европската безбедност“, рече Спасовски.

Министерот се осврна и на масовното раселување лица како последица од руската инвазија врз Украина.

„Иако ние не сме засегнати многу со бегалците од Украина како што се земјите во тој регион, сепак ги преземавме сите мерки како Влада, да можеме да пружиме најефикасна помош за секој граѓанин кој ќе побара заштита“, додаде Спасовски.

Министерот кажа дека доброто менаџирање со миграцијата зависи од заедничката соработка со сите страни, како со земјите на транзит, така и со земјите на потекло и земјите на дестинација.

„Благодарност на сите министри достоинственици, колегите од регионот, со кои на дневна основа работиме за да го подобриме амбиентот за нашите граѓани, со што директно придонесуваме за безбедноста на Европа. Сето тоа ќе биде ценето. ЕУ не може да е целосна ако ги нема земјите од Западен Балкан“, истакна Спасовски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...