Нови 100 милиони евра кредит за малите и средни претпријатија за да се справат со кризата

Со овие пари ќе ѝ излеземе во пресрет на бизнис заедницата, ќе обезбедиме свеж капитал на малите и средни претпријатија, вели министерот Фатмир Бесими

-

Нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка обезбеди Владата, а парите се наменети за малите и средни претпријатија да можат да ги надминат проблемите кои произлегуваат од енергетската и економска криза, соопштија од Министерството за финансии. Вчера во Собранието беше усвоено законското решение за гаранција за договорот за заем на овие средства, подготвено од Министерството за финансии.

„Со овие пари ќе ѝ излеземе во пресрет на бизнис заедницата, ќе обезбедиме свеж капитал на малите и средни претпријатија, како и средно пазарно капитализирани претпријатија и проекти за зелена транзиција согласно економските мерки на Владата за заштита на потрошувачите и компаниите од енергетската криза“, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој кажа дека ова е од големо значење за надминување на проблемите што произлегуваат од светската енергетска и економска криза којa директно го погодува работењето на малите и средните претпријатија и дека со овие пари ќе се поддржат нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството, зголемен извоз и зелена транзиција, како и задржување на конкурентната позиција на компаниите.

Кредитната линија ќе се пласира преку Развојната банка на Северна Македонија, а за крајните корисници средствата ќе бидат достапни преку деловните банки по поволна каматна стапка и подолги рокови на отплата. Компаниите ќе може да ги користат за обртни средства и за инвестиции, а целта е да се обезбеди свеж капитал и ликвидносна поддршка.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...