Дали македонската економија е меѓу првите пет во Европа според раст на БДП?
март 16, 2026
Официјалната статистика на Евростат вели дека во 2025 година, од земјите во Европа, Македонија се наоѓа на шестото место со 3,5 отсто раст на БДП. Но, ако се погледне износот на реалниот БДП, како и БДП по глава на жител, земјава е на последното место во Европа. Според нашите пресметки, со стапка на раст од 3,5 отсто, македонскиот БДП би го достигнал БДП-то на Ирска, под услов тој да остане ист, за точно 110,5 години