fbpx

Во Хаг почнува со работа Меѓународниот центар за истрага на војната во Украина

Центарот ќе истражува и ќе собира докази, а неговите активности се сметаат за привремен чекор пред создавањето на специјален трибунал кој би можел да изведе пред лицето на правдата претставници на Кремљ поради започнување на војната

-

Денеска во Хаг се отвора Меѓународна канцеларија за истрага на руската инвазија врз Украина, како прв чекор кон можен суд за раководството во Москва, јавува „Гардијан“.

Во Меѓународниот центар за гонење на криминалот за агресијата учествуваат обвинители од Украина, ЕУ, САД и Меѓународниот кривичен суд, објави агенцијата Франс-прес.

Центарот ќе истражува и ќе собира докази, а неговите активности се сметаат за привремен чекор пред создавањето на специјален трибунал кој би можел да изведе пред лицето на правдата претставници на Кремљ поради започнување на војната во Украина.

Во однос на состојбата на бојното поле во Украина, во своето редовно оперативно ажурирање, украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар повторно изјави дека земјата остварува придобивки на исток и југ, додавајќи оти 37,4 квадратни километри територија биле вратени под контрола од украинските вооружени сили.

Во нејзината изјава која ја пренесува Укринформ, Малиар вели дека одбранбените сили на Украина на југ постепено напредуваат во правците Бердијанск и Мелитопол, каде во тек се тешки борби, додека на истокот руските сили напредуваат во правците Авдиивка, Маринка и Лиман.

За Бахмут, Малиар вели дека силите на Украина „напредуваат и имаат делумен успех на јужното крило“.

Руските ракетни напади врз Украина продолжија и во изминатото деноноќие, при што Укринформ објави за напади врз Херсон, Донецк, Запорижја и Днипропетровск.

Украинската новинска агенција објави и дека по рускиот напад на Краматорск на 27 јуни кога била повредена, во болница починала писателката Викторија Амелина. Таа во Краматорск била со делегација од колумбиски писатели и новинари и додека биле на вечера во ресторан во центарот на градот, Русија извршила ракетен напад врз објектот.

Амелина минатата година се приклучи на организацијата за човекови права „Truth Hounds“ и ги документираше руските воени злосторства на деокупираните територии во источните, јужните и северните делови на Украина, особено во Капитоливка во близина на Изијум, каде што го нашла дневникот на Володимир Вакуленко, украински писател убиен од Русите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...