четврток, 5 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Хаг | 25 резултати

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот суд во Хаг

20 септември 2023

Меѓународниот кривичен суд соопшти дека во текот на минатата недела бил извршен напад врз компјутерскиот систем на институцијата, пренесува агенцијата Асошиејтед Прес (АП).  Портпаролот на судот, Фади Ел Абдалах, во писмена изјава изјавил дека нападот се истражува во соработка со холандските власти, а се испитува и дали зад нападот евентуално стои странска влада. „Во иднина, […]

Во Хаг почнува со работа Меѓународниот центар за истрага на војната во Украина

3 јули 2023

Денеска во Хаг се отвора Меѓународна канцеларија за истрага на руската инвазија врз Украина, како прв чекор кон можен суд за раководството во Москва, јавува „Гардијан“. Во Меѓународниот центар за гонење на криминалот за агресијата учествуваат обвинители од Украина, ЕУ, САД и Меѓународниот кривичен суд, објави агенцијата Франс-прес. Центарот ќе истражува и ќе собира докази, […]

Потерницата од Хаг за Путин – главен мотор на новите руски дезинформации и закани

4 април 2023

Март во македонскиот медиумски простор беше одбележан со еден главен и нов дезинформациски наратив од Москва, кој беше разработен кратко време по веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за права на децата Марија Лвова Белева. Два дена по објавената „потерница“ по Путин, од […]

Вистиномер: Манипулација со фотографии од споменици во Русија и Хаг

22 јуни 2022

Скулптурата на човечка фигура со различни полови карактеристики и животно налик на мечка на неговата глава се нарекува „И животот е на другата страна“ (And Life Is Over There), и се однесува на стих од песна на Емили Дикинсон. Според авторката Феми Отен, скулптурата не е поврзана со мајчинството. Делото од Хаг, не претставува ода […]

Зеленски поднесе тужба против Русија во Хаг, одбива да преговара во Белорусија

27 февруари 2022

Украина поднесе тужба против Русија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, објави денеска на Твитер претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Русија мора да биде одговорна за манипулирање со приказната за геноцид со цел да се оправда агресијата. Бараме итна одлука на судот, кој и наложува на Русија веднаш да ги прекине воените дејствија и […]

Ахмети како сведок денеска и утре ќе дава исказ пред Специјалното обвинителство за Косово

2 септември 2020

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска и утре ќе дава исказ пред истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово, како сведок за неговата улога во ОВК. Ахмети е повикан во овој Суд како сведок на обвинението поднесено за воени злосторства покренато против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на ДПК, Кадри Весели. […]

„Сериско дезинформирање“: Порталот Originalno.org осум пати ги „самоуби“ Караџиќ и Младиќ

18 февруари 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

Одбраната на Младиќ бара поништување на доживотната казна затвор

5 февруари 2018

Поради влошената здравствена состојба, одбраната на поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ бара укинување на пресудата за доживотен затвор. Младиќ покрај досегашните здравствени проблеми има и когнитивни нарушувања и благ степен на деменција. Одбраната тврди дека овие болести не му биле дијагностицирани во затворот во Хаг и не биле третирани како што треба. […]

Почина Слободан Праљак откако испи отров во судницата во Хаг

29 ноември 2017

Слободан Праљак, генерал на војската на босанските Хрвати во војната во БИХ во 1990-тите, почина неколку часа откако во судницата на Меѓународниот трибунал испи отров од шишенце, јавија хрватските медиуми. Праљак е познат како командантот осомничен за уривањето на стариот мост над Неретва во Мостар, кој сега е обновен. При изрекувањето на пресудата, 72-годишниот Праљак, […]

Холандскиот парламент потврди: Судот за злосторствата на Косово ќе биде во Хаг

25 октомври 2016

Долниот дом на холандскиот парламент го усвои предлогот на министерството за надворешни работи на Холандија, седиштето на Специјалниот суд за злосторствата извршени од поранешните членови на ОВК да биде во Хаг, пишува „Косово сот“. Функционер на холандското МНР рече дека не е сигурно колку долго Специјалниот суд ќе работи затоа што тоа зависи од бројот […]

Украина подготвува тужба против Русија пред судот во Хаг

28 август 2016

Министерот за правда на Украина, Павел Петренко, во изјава за телевизијата „112“ соопшти дека неговата земја подготвува тужба против Русија пред Меѓународниот суд за правда во Хаг. Претходно Киев поведе четири парници пред Европскиот суд за човекови права против Русија, во кои се бара надомест од руската страна за случувањата на Крим и во Донбас. […]

Хаг пресуди: Кина без право на островите во Јужно Кинеско Море

12 јули 2016

Кина нема правна основа за полагање на историското право на островите во Јужно Кинеско Море, заклучи арбитражниот суд во Хаг. Тоа е наведено во пресудата за спорот помеѓу Филипини и Кина во врска со територијалните права во Јужното Кинеско Море. „Трибуналот заклучи дека не постои правна основа дека Кина има историски права на морската област […]

Хаг го ослободи Шешељ

31 март 2016

Поранешниот заменик премиер на Србија, Воислав Шешењ не е виновен за злосторства против човештвото во Хрватска и во Босна, извршени во периодот од 1991 до 1993 година, пресуди денеска Хашкиот трибунал за поранешна Југославија. Шешељ, кој беше лидер на националистичката Српска радикална партија (СРП), беше обвинет за поттикнување и финансирање злосторства против Хрвати, муслимани и […]

Хаг: Кареманс не можe да биде кривично гонет за Сребреница

29 април 2015

Судот во Холандија денеска пресуди дека генералот во пензија Том Кареманс, кој командувал со холандските мировници во Сребреница, нема да биде кривично гонет. Во одлуката на воениот оддел на Вишиот суд во Арнхем се наведува дека Кареманс не може да биде кривично гонет врз основа на командна одговорност. Семејствата на три жртви на масакрот во […]

Меѓународниот суд на правдата ги отфрли тужбите на Србија и на Хрватска

3 февруари 2015

Пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Хрватска не докажа дека Југословенската народна армија извршила геноцид над хрватското население на хрватска територија во периодот од 1991 до 1995 година. Судот, исто така, пресуди дека и Србија не успеала да докаже дека бил извршен геноцид над српските цивили во Хрватска. Пресудата ја прочита претседателот на судот, […]

Одбиено барањето на обвинителството за враќање на Шешељ во Хаг

13 јануари 2015

Судскиот совет на Хашкиот трибунал го отфрли барањето на обвинителството за обвинетиот за воени злосторства Воислав Шешељ, кој е на привремена слобода, да се врати назад во притвор во Хаг, беше потврдено во канцеларија за медиуми на Хашкиот трибунал. Како што јавуваат српските медиуми, Судскиот совет во образложението на одлуката наведува дека обвинителството не поднело […]

Трајанов на годишната сесија на ПС на НАТО во Хаг

21 ноември 2014

Пратеникот Павле Трајанов, во својство на член на делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, од 21 до 24 ноември, учествува на годишната сесија на ПС на НАТО што се одржува во Хаг, Кралство Холандија. Во текот на сесијата, комитетите и собранието ќе разгледаат и усвојат неколку извештаи и резолуции поврзани […]

Судот во Хаг ќе одлучува за сопственоста на Јени џамија во Битола

13 ноември 2014

ИВЗ ќе бара од меѓународниот суд во Хаг да пресуди за сопственоста на Јени џамија, еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола. ИВЗ ја тужи државата Република Македонија за да си го врати во владение овој верски објект. Заводот и музеј Битола, пак, најави дека џамијата за многу кратко време ќе стане музеј со […]

Шешељ: Хаг одвај чекаше да се ослободи од мене

12 ноември 2014

Трибуналот само сакаше да се ослободи од мене, рече лидерот на Српската радикална странка, Воислав Шешељ, откако, по 11 и пол години минати во Хаг, се врати во Белград. – Хаг на брутален начин ме исфрли од темницата. Не го барав тоа ниту ми поставуваа некакви услови. Сакаа само што побргу да се отарасат од мене. Борбата […]

Шаровиќ: Шешељ ќе го дестабилизира режимот во Србија

10 ноември 2014

Заменик претседателот на Српската радикална странка (СРС), Немања Шаровиќ, смета дека доаѓањето на Воислав Шешељ нема да предизвика хаос, туку ќе го дестабилизира „издајничкиот режим“. – Приказните дека Шешељ ќе предизвика дестабилизација или хаос, не се точни. Единствено што ќе дестабилизира е издајничкиот режим во Србија. Ние и понатаму го проверуваме секој лет од Хаг, […]

Страна 1 од 2