Израел кажа дека „ја затнал“ границата со Газа, воздушните напади продолжуваат

Се очекува денеска Израел да почне голема копнена воена операција во Газа, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчеравечер порача дека воздушните напади на Израел врз Газа се „само почетокот“

-

Израел посочи дека целосно ја обезбедува границата со Газа, откако милитанти од палестинското движење Хамас, кое ја почна најновата војна со Израел во саботата, истиот ден ја пробија граничната бариера на повеќе места, известува Би-би-си.

Денеска се очекува голем копнен напад на израелските сили во Газа.

Според истиот извор, во текот на изминатото деноноќие немало нови прекугранични упади. Нападите на израелските вооружени сили продолжија и во текот на ноќта и се смета дека се погодени околу 200 милитантни цели. И додека палестинските власти велат дека гинат цивили, Израел првин ги советуваше граѓаните во Газа да ја напуштаат територијата преку преминот контролиран од Египет, потоа ситуацијата се смени и беше кажано дека тој премин е всушност затворен, пренесува Би-би-си.

Според кажаното, во Израел загинале околу 900 луѓе, од коишто 260 на музички фестивал, а израелската војска вели дека досега пронашла тела на 1.500 милитанти. Според палестинските власти, досега во Газа од саботата животите ги загубиле околу 690 луѓе. Досега е потврдена смртта на 12 државјани на САД.

Според портпаролот на израелските вооружени сили Ричард Хехт, израелската војска моментно гради инфраструктура за идни операции и на границата со Газа се поставени 35 баталјони, што значи дека бројката на војници сигурно надминува 4.500.

Се очекува денеска Израел да почне голема копнена воена операција во Газа, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчеравечер порача дека воздушните напади на Израел врз Газа се „само почетокот“.

Како што јавува Би-би-си, во Газа се погодени голем број објекти, односно куќи и згради, што се речиси целосно уништени.

Движењето Хамас вчера се закани дека ако продолжат воздушните напади од Израел, ќе почне да ги убива заложниците што досега ги има зедено.

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

АНАЛИЗА: Повисока инфлација, иста стапка на раст на БДП

Ценовниот притисок ги „стопи“ очекувањата за инфлација од 2,2 отсто во оваа економска година, објавува Порталб. Според новите буџетски проценки инфлацијата ќе биде нешто помалку од 3%. Во новата Фискална стратегија...

Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс во својата колумна изјави дека инвестирањето и ангажирањето со земјите од Западен Балкан е геостратешки императив во услови на зголемена глобална...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на...