fbpx

МНР: Уште 10 македонски државјани го напуштија Израел, евакуација бараат 100 други

Тие појаснуваат дека четворица државјани заминале со лет до Атина, петмина до Подгорица, а едно лице со лет до Истанбул

-

Уште 10 македонски државјани преку различни транспортни канали го напуштија Израел, со што вкупната бројка за изминативе два дена надмина 30 наши државјани што го напуштија Израел, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). Тие појаснуваат дека четворица државјани заминале со лет до Атина, петмина до Подгорица, а едно лице со лет до Истанбул.

„Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив, во тесна координација со кризниот штаб во Министерството за надворешни активно работат на враќање на уште 100 наши државјани, кои побарале помош во напуштањето на Израел, и кои во најголем дел се наоѓаат на безбедни локации“, стои во утринското соопштение на МНР.

Еден дел од нашите државјани веќе имаат обезбедено билети преку редовните летови кои се активни преку меѓународниот аеродром во Тел Авив кој е во целосна функција.

Дел од македонските државјани се наоѓа во подрачја кои беа опфатени со насилните дејствија и се сметаат за небезбедни, за што веќе е обезбеден внатрешен транспорт низ територијата на Израел за нивно префрлување на безбедна локација, од каде би можеле да бидат упатени кон дома. Меѓу нив се и двајца наши државјани во Појасот Газа, за чие извлекување е задолжена Амбасадата на Северна Македонија во Каиро, која е во директна комуникација со Министерството за надворешни работи на Египет.

„Како што претходно објавивме, според проценки на кризниот штаб, на територијата на Израел престојуваат до 200 наши државјани, од кои поголемиот дел е прецизно лоциран и редовно се одржува комуникација со нив, се до нивно враќање во Северна Македонија. Министерството за надворешни работи изготви информација за состојбите во Израел, со проекција за наредните денови, која е доставена до Владата која одлучува за наредните чекори“, се наведува во соопштението на МНР.

Од МНР апелираат до нашите државјани во Израел да го следат Националниот портал за итни случаеви (www.oref.org.il), односно тн. Home Front Command, специјализиран за цивилна заштита, кој излезе со нови препораки до населението, како и да се почитуваат сите други упатства на надлежните институции на Израел.

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија на располагање ги има и двата СОС дежурни телефони – 075/273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...