понеделник, 10 август, 2026
Meta.mk

Ознака: милитанти | 38 резултати

Најмалку 18 убиени во напад на ресторан во Буркина Фасо

август 14, 2017

Најмалку 18 луѓе се убиени, а осум ранети во терористички напад во ресторан во Буркина Фасо, кога вооружени лица синоќа отвориле оган кон гостите кои седеле пред објектот, во главниот град на земјата, Уагадугу, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на владини извори. „Ова е терористички напад“, изјавил министерот за комуникации на Буркина Фасо, Реми Данџини на […]

Ирачката армија почна офанзива за ослободување 150.000 затвореници во Мосул

јуни 18, 2017

Ирачката армија денеска почна офанзива за заземање на Стариот град во Мосул, кој е под контрола на Исламска држава (ИД) и последниот дел од големиот град контролиран од милитантните исламисти. Офанзивата е и за ослободување на околу 150.000 заробеници на ИД. Телевизиските снимки покажуваат чад како се издига од Стариот град во Мосул, а се […]

Египет како одговор на масакрот бомбардираше кампови на терористите

мај 26, 2017

Египетски борбени авиони ги нападнаа камповите на терористите по масакрот на коптски христијани во Египет, соопшти претседателот Абдел Фатах Сиси. Нападите се извршени во источниот дел на Либија. Претседателот на Египет вети дека ќе продолжи да ги напаѓа базите користени за обука на милитанти што вршат терористички напади во неговата земја, без оглед на чија […]

Повеќе од 50 жртви на офанзива на Исламска држава во Сирија

мај 18, 2017

Повеќе од 50 лица биле убиени денеска во напад на т.н. Исламска држава во две села под контрола на владата во провинцијата Хама во Сирија, а некои од нив се егзекутирани откако биле заробени, извести Сириската опсерваторија за човекови права. Милитантите на Исламска држава (ИД) ги нападнале селата Акареб и Ал Мабуџе, близу стратешки важниот […]

Сириските бунтовници го презеле градот Ал Баб од милитантите на ИД

февруари 23, 2017

Сириските бунтовници, кои ја имаат поддршката на Турција, ја презеле речиси во целост контролата над градот Ал Баб од милитантите на Исламска држава (ИД), соопштиле турски официјални претставници, јавуваат светските агенции. Турскиот министер за одбрана, Фикри Исик, денеска изјавил дека „може да се каже дека е заземена речиси целата територија на Ал Баб“. Закариа Малахифиџи, од […]

Курдска милитантна група ја презедe одговорноста за нападите во Истанбул

декември 11, 2016

Kурдската милитантна организација „Јастреби за слободата на Курдистан“ денеска на својата интернет-страница ја презеде одговорноста за синоќешните напади во Истанбул, во кои загинаа 38, а повредени се 155 лица. „Јастреби за слободата на Кудистан“, која е одметнато крило на Курдската работничка партија, стои зад повеќе напади што годинава беа извршени во Турција. Официјална Анкара денеска прогласи […]

Ердоган: Исламските милитанти ќе завршат во пеколот

јули 1, 2016

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повтори дека Исламската држава најверојатно е одговорна за нападот на аеродромот во Истанбул, додавајќи дека исламските милитанти ќе завршат во пеколот. Зборувајќи денеска во Истанбул, по исламската молитва што се одржува во петок, Ердоган изјави дека екстремистичката група тврди дека дејствува во име на исламот, но нагласи дека нема никаква […]

Милитантите во Либија презеле контрола врз три населени места

мај 18, 2016

Во западниот град Мисрата во Либија, милитантите ја презеле контролата врз три населени места јужно од градот, вклучувајќи ја и областа Абу Граин, соопшти претставник на либиска милитантна група. Тој додаде дека воените авиони извршиле напад врз силите на ИД додека тие се повлекувале од позициите. Во нападите се убиени шест припадници на милитантните групи, […]

Убиени најмалку 27 припадници на ИД во Алепо

мај 16, 2016

Најмалку 27 припадници на Исламска држава (ИД) биле убиени во операција на турската војска и на силите на меѓународната коалиција предводена од САД во северниот дел на сирискиот град Алепо, кој се наоѓа во близина на границата со Турција, јавуваат светските агенции. Во нападите, според информациите, биле уништени пет утврдени позиции на милитантите на ИД […]

Убиени 16 милитанти на североистокот на Сирија

мај 13, 2016

Најмалку 16 милитанти, меѓу кои и еден висок претставник на сирискиот разгранок на Ал каеда, фронтот Ал нусра, се убиени во воздушните напади на североистокот на Сирија, соопшти сириската опозициска Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Опсерваторијата наведе дека се повредени повеќе од 60 лица во нападот на воениот аеродром „Абу Духир“, во […]

Уапсен лидерот на исламистичката група Ансару во Нигерија

април 4, 2016

Нигериската војска уапсила лидер на милитантната група Ансару, која е фракција на организацијата Боко харам, соопштија нигериските власти. Ансару се смета за одговорна за киднапирање и за убивање лица од Западот. Американскиот Стејт департмент во 2012 година го стави лидерот на Ансару, Халид ал Барнави, на црната листа како еден од тројцата милитанти поврзани со Боко […]

Камерунските власти осудија на смртна казна 89 припадници на Боко харам

март 17, 2016

Властите во Камерун осудиле на смртна казна 89 припадници на нигериската исламистичка група Боко харам, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на извештаи на камерунските медиуми. Одлуката ја донел воениот суд на земјата, а осудените се товарат за тероризам поради нивната вмешаност во повеќе напади во североисточниот регион на Камерун што граничи со Нигерија. Камерун во 2014 година […]

Полицијата во Тунис убила 21 лице

март 7, 2016

Министерството за внатрешни работи на Тунис соопшти дека се убиени 21 милитант во судирите на туниските сили и на исламистичките милитанти во близина на границата со Либија. Судирите доаѓаат во период на зголемена загриженост на туниските власти дека насилниот екстремизам во Либија би можел да го дестабилизира регионот. Во судирите настрадало и 12-годишно девојче, соопшти претставник […]

Русија: Затвор за петмина милитанти

февруари 4, 2016

Пет мажи во Русија се осудени на затворска казна од пет и пол до 17 години поради припадност на забранетата исламистичка организација Хузб ут-Тахрир. Судиите на московскиот воен суд го воделе процесот во Чељабински, регион на Урал, кој се граничи со Казахстан и со Башкортостан. Хузб ут-Тахрир е сунитска политичка организација која бара сите исламски […]

Германската полиција надгледува повеќе од 400 милитанти

јануари 15, 2016

Бројот на милитантните исламисти што од боиштата во Ирак и во Сирија се враќаат во Германија е во постојан пораст и повеќе од 400 од нив во моментов се наоѓаат под полициски надзор, соопшти денеска германската полиција. Челникот на германската сојузна полиција, Холгер Меунч, за телевизијата АРД рече дека истовремено опаѓа бројот на лицата што од Германија […]

Турските сили убиле 14 курдски милитанти

јануари 5, 2016

Турските сили за безбедност убиле најмалку 14 милитанти во претежно курдскиот дел на југоистокот на земјата, соопштија денеска воени извори. Во интернет-соопштението на Генерал-штабот се наведува дека член на „селската стража“, кој се борел на страна на владините сили, е убиен денеска за време на судирите со борците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во […]

Во Пакистан уапсени 42 осомничени милитанти

јануари 4, 2016

Во пакистанската провинција Пенџаб се уапсени 42 осомничени милитанти кои се товарат дека се поврзани со Исламска држава, соопштија денеска пакистанските власти. Министерот за правда, Рана Санауках, изјави дека апсењата се резултат на рации што во текот на септември се спроведени во четири града во провинцијата Пенџаб и оти меѓу уапсените е и шефот на ИД […]

Индија: Милитанти нападнаа воена база, шестмина загинати

јануари 2, 2016

Во напад на база на идниските воздухопловни сили во северозападната држава Панџаб загинаа шест лица, јавуваат локалните медиуми. Група од најмалку пет лица упаднала во базата Патанкот, во близина на границата со Пакистан, а во вооружените напади, кои траеле неколку часа, загинале два инидиски војника и четворица терористи. „Раша тудеј“ јавува дека во меѓувреме дошло […]

Рација во Истанбул, убиени две припаднички на милитантни ќелии

декември 22, 2015

Турската полиција рано утринава, во рација во Истанбул, уби две жени, кои, како што пренесуваат локалните медиуми, биле припаднички на милитантни ќелии. Агенцијата „Доган“ наведува дека пресметката во која полесно се повредени четири лица се случила во европскиот дел на градот. Во извештајот не е прецизирано на која организација ѝ припаѓале овие жени. Агенцијата пренесува […]

Турција: Убиени 23 курдски милитанти

декември 17, 2015

Турските сили за безбедност убиле 23 курдски милитанти во дводневните операции во два града на југоистокот на земјата, соопштија турските медиуми. Во градовите Чизре и Силопи, близу границата со Сирија и со Ирак, претходно беше прогласен полициски час, а турските сили покренале операција против припадниците на Работничката партија Курдистан (ПКК). Во акцијата учествувале 10.000 полицајци […]

Страна 1 од 2