среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Судски совет | 162 резултати

Од исходот на постапката за моја одговорност ќе зависи иднината на судството, порача претседателката на Врховниот суд

декември 29, 2023

Исходот на оваа постапка ќе ја одреди иднината на македонското судство. Со вакви зборови денеска пред дисциплинската комисија на Судскиот совет настапи претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која на последниот работен ден од оваа година образложуваше зошто не треба да биде разрешена од функцијата. Случајот со Беса Адеми веќе подолг период ја бранува јавноста, […]

Гир: Судството е на критична точка, пристигнаа 40 препораки од оценската мисија на ЕУ

декември 12, 2023

Вкупно 40 препораки има во извештајот на оценската мисија на Европската Унија за работата на Судскиот совет, информираше денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на брифинг со новинарите. Експертскиот тим на Европската Унија, предводен од судијата во Врховниот суд на Хрватска, Бранко Хрватин, дојде во земјава во септември за да ја „скенира“ состојбата со Судскиот совет, институција […]

Лога: ИТ системот во обвинителствата полн со недостатоци, следуваат законски измени

ноември 16, 2023

Министерот за правда Кренар Лога одржа средба со голем број претставници од правосудните инстанци, политичките партии и граѓанскиот сектор, а во врска со потребата за изготвување измени во Законот за јавното обвинителство и нов Закон за јавнообвинителската служба, со оглед на тоа што, како што вели тој, се констатира дека актуелниот информатички систем има недостатоци […]

Кривичниот суд останува со 42 судии и 215.000 предмети, се бара делегирање нови

ноември 16, 2023

Судскиот совет избра четворица нови судии во Апелацискиот суд за кривичната област, од кои тројца доаѓаат од Основниот кривичен суд Скопје. Со ова, првостепениот суд останува со 42 судии. Судиите од кривичната област Александра Ристеска, Весна Димишкова и Осман Шабани, од Кривичниот ќе заминат да работат во Апелациониот суд Скопје, со што во прашање се […]

Граѓанските организации со реакција за европскиот извештај: Разнишани се темелите на преговорите

ноември 10, 2023

Блупринт групата за реформи во правосудството оценува дека Извештајот на Европската комисија е еден од ретките каде е констатирано дека во делот на правосудството не е забележан прогрес, што од аспект на исполнување на критериумите од Поглавјата 23 и 24 претставува „целосно руинирање на сите досегашни постигнувања и напредок токму во овој сегмент“. Во соопштението […]

Изјавата на Аврамовска Мадиќ за интегритет и за напредокот на Судскиот совет е недоследна

ноември 10, 2023

Судскиот совет може да има легитимитет, како што вели Мадиќ, бидејќи е избран во Собранието, но тешко дека може да се зборува со сигурност околу интегритетот на телото после се што се случи, а уште помалку дека работите се придвижувале само затоа што членовите на Советот носеле одлуки сè почесто едногласно, пишува „Вистиномер“ во својата […]

По критиките за работата на Судскиот совет од ЕК, Лога формираше работна група за законски измени

ноември 9, 2023

Министерот за правда Кренар Лога денеска формирал работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за судскиот совет, со претставници од правосудството, академската заедница и невладиниот сектор. Од Министерството за правда велат дека оваа работна група се формира со цел да се надминат слабостите наведени во Извештајот на Европската комисија за досегашната […]

Лога го разреши претседателот на Советот на ИКT, судијата Лазар Нанев

ноември 6, 2023

Министерот за правда, Кренар Лога, го разреши судијата и претседател на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, Лазар Нанев, а до Судскиот совет доставил и допис за отворање на постапка за утврдување одговорност за неговата работа. „Јас како министер нема да дозволам во работни тела што се во состав на Министерството да […]

Грковска-Кежмах: Не смее да има солидарност за судиите кои го рушат имиџот на професијата или се корумпирани

септември 27, 2023

Судиите мора да ја чуваат својата независност и во таа насока не смее да има солидарност за оние кои што го рушат угледот на професијата или се корумпирани,  порачаа денес заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и потпретседателката на словенечкиот Судски совет, Уршка Кежмах кои имаа работен состанок […]

Ниту Судскиот совет не бил консултиран околу контроверзните измени во Кривичник законик

септември 25, 2023

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев вели дека ниту Судскиот совет не бил консултиран околу носењето на измените во Кривичниот законик, со кој се предвидуваат поблаги казни за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и злосторничко здружување. Истото го потврди и Антонио Јолевски, претседателот на Советот јавни обвинители, кој пак беше малку поумерен во изјавата […]

Гир со сериозни критики: Промените во Кривичниот законик можат да доведат до зголемување на неказнивоста

септември 21, 2023

Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир на денешниот настан на кој беше презентиран новиот проект на Европската Унија, излезе со сериозни критики за работата на институциите, особено во делот на владеењето на правото. „Ние сакаме земјата брзо да напредува во сферата на владеењето на правото, граѓаните имаат право да го бараат тоа и ЕК има право […]

Министерство за правда: Констатирани пропусти во АКМИС системот за управување со судски предмети

август 31, 2023

Пропусти на Судскиот совет констатирала Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС-от во судовите, информираат од Министерството за правда. Оваа комисија извршила надзор во четири основни судови во државата, и тоа во: Берово, Крушево, Кратово и Куманово, при што констатирала нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување, како и изземање на судии од […]

Лога: Oдлучив да не присуствувам на седниците на Судскиот совет, исто како што правеа и моите претходници

август 30, 2023

Присуството на министерот за правда на седници на Судскиот совет, без право на глас, не влијае на носењето одлуки и законското работење на Судскиот совет, вели министерот за правда Кренар Лога, додавајќи дека во изминатите години, неколку министри за правда не присуствувале на седниците на Судскиот совет поради препораката на ГРЕКО за укинување на членството […]

Тимот од ЕУ на чело со Хрватин втор ден бара решенија за Судскиот совет

јули 28, 2023

Хрватскиот врховен судија Бранко Хрватин веќе втор ден е во земјава, со цел да направи воведни подготовки во пресрет на оценската мисија на ЕУ, што ќе се реализира во септември и која ќе ја испитува институционалната рамка на Судскиот совет и ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки. Тој денеска се сретна со вицепремиерката Славица Грковска, […]

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на ТВ Телма од Судскиот совет

јули 27, 2023

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осудуваат некоректното однесување кон медиумите на државните службеници кои на најбескрупулозен начин ја прекинаа работата на ТВ екипата на Телма при нејзиното известување од важен настан, се вели во заедничкото соопштение. „Припадници на МВР по наводна наредба на […]

Оценувачки тим од Брисел од утре во Скопје ќе ја „чешла“ работата на Судскиот совет

јули 26, 2023

Тим експерти од земјите-членки на ЕУ доаѓа во земјава – ќе ја испитува работата на Судскиот совет, потврдува Делегацијата на ЕУ во Скопје. Тимот ќе го предводи, Бранко Хрватин, поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска, кој утре и задутре ќе ја посети Северна Македонија и ќе ја мапира состојбата, со цел да се идентификува […]

Наместо на свечена заклетва во Собрание, новиот член на Судскиот совет Георгиев даде оставка

јули 25, 2023

Наместо денеска да ја даде свечената заклетва во Собранието, новоизбраниот член на Судскиот совет, врховниот судија Наќе Георгиев, чиј избор беше оспоруван од стручната јавност, даде оставка од позицијата. Оставката ја даде за да му отвори пат на синот Кирил Георгиев да биде избран за кривичен судија, откако деновиве дел од колегите во Советот му […]

Се пополнија празните столчиња во Судскиот совет, остана недовербата во институцијата

јули 14, 2023

Судиите Наке Георгиев и Антоанета Димова официјално се нови членови на Судски совет, откако комисијата за избор ги потврди резултатите од вчерашното гласање. Врховниот судија Наке Георгиев освои шест гласа од вкупно 16 врховни судии, а беше единствен кандидат од редовите на врховните судии, додека судијката од Граѓанскиот суд во Скопје Антоанета Димовска со 110 […]

Димовска и Георгиев нови членови на Судскиот совет, повеќето врховни судии го бојкотираа изборот

јули 13, 2023

Судиите Антоанета Димовска и Наке Георгиев се новите членови на Судски Совет, откако двајца членови претходно дадоа оставки по низата контроверзии во оваа судска институција. Повеќето врховни судии кои гласале, според резултатите, ги пречкртале гласачките ливчиња, но сепак Наке Георгиев станува нов член иако тој има само 6 гласа „за“ (заедно со неговиот глас), а […]

И покрај реакциите, утре се бираат двајца нови членови на Судскиот совет

јули 12, 2023

Вкупно 236 судии утре ќе гласаат за избор на двајца нови членови на Судскиот совет, информира Судскиот совет. Од нив, 16 судии ќе гласаат во изборната единица во Врховниот суд, а 220 судии на 12 избирачки места од  апелационото подрачје на Скопје и управните судови. Единствен кандидат за член на Судскиот совет од Врховниот суд […]

Страна 2 од 8