fbpx

Тимот од ЕУ на чело со Хрватин втор ден бара решенија за Судскиот совет

За жал, сведоци сме дека Судскиот совет како една од најважните институции кој треба да гарантира независност, објективност, ефикасност и квалитет во правосудниот систем, го изгуби кредибилитетот и не може да одговори на задачите кои ги има пред себе, вели Грковска

-

Хрватскиот врховен судија Бранко Хрватин веќе втор ден е во земјава, со цел да направи воведни подготовки во пресрет на оценската мисија на ЕУ, што ќе се реализира во септември и која ќе ја испитува институционалната рамка на Судскиот совет и ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки.

Тој денеска се сретна со вицепремиерката Славица Грковска, која изрази благодарност за поддршката што нашата држава ја добива од Европската Унија, особено во делот на правосудниот систем, кој е клучна алка во справувањето со корупцијата и организираниот криминал.

„За жал, сведоци сме дека Судскиот совет како една од најважните институции кој треба да гарантира независност, објективност, ефикасност и квалитет во правосудниот систем, го изгуби кредибилитетот и не може да одговори на задачите кои ги има пред себе“, вели Грковска.

Вицепремиерката истакна дека и покрај сите процеси на унапредување на регулативата и јакнење на капацитетите, нема знаци на унапредување на интегритетот кај дел од судиите, кој е предуслов за отпорност на правосудниот систем од сите форми на влијание.

Правниот експерт Хрватин истакнал дека оценската мисија во основа ќе биде поддршка за нашата земја во делот на детектирање на слабостите во правосудниот систем, во случајот на позиционираноста на Судскиот совет, што ќе биде добра основа за преземање на натамошни реформски чекори.

Вицепремиерката Грковска информираше дека во рамките на досегашните активности на нејзиниот кабинет детектирани се одредени слабости, а хрватскиот експерт Хрватин нагласи дека секој предлог кој се однесува на подобрување на состојбите во Судскиот совет, а кој произлегол од досегашното практично искуство ќе биде добредојден за анализата што треба да ја подготви експертскиот тим ангажиран од ЕУ.

Инаку, тимот од четворица претставници на чело со Хрватин вчера беа на средба со членовите на Судскиот совет, од каде не открија со какви забелешки доаѓа Хрватин.

ОД Делегацијата на ЕУ во Скопје изјавија велат дека процесот ќе се води во две фази, но се планираат итни мерки за да се вратат кредибилитетот и независноста на оваа судска инстанца која последниве месеци ја тресат низа скандали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...