fbpx

Димовска и Георгиев нови членови на Судскиот совет, повеќето врховни судии го бојкотираа изборот

Судиите Антоанета Димовска и Наке Георгиев се новите членови на Судски Совет, откако двајца членa претходно дадоа оставки по низата контроверзии во оваа судска институција

-

Судиите Антоанета Димовска и Наке Георгиев се новите членови на Судски Совет, откако двајца членови претходно дадоа оставки по низата контроверзии во оваа судска институција.

Повеќето врховни судии кои гласале, според резултатите, ги пречкртале гласачките ливчиња, но сепак Наке Георгиев станува нов член иако тој има само 6 гласа „за“ (заедно со неговиот глас), а седум биле неважечки. Тројца врховни судии воопшто не излегле да гласаат, од сите 16 впишани во избирачкиот список.

Судиите од апелациското подрачје во Скопје гласале за Антоанета Димовска, судијката од граѓанскиот суд, која добила 110 гласа, наспроти 49 гласа кои ги добил претседателот на кавадаречкиот суд Лазар Нанев.

Во 12 судови од скопското апелационо продачје гласале 185 судии, а 26 ливчиња биле неважечки.

Инаку, судијата Наке Георгиев беше единствен кандидат од Врховниот суд за испразнетото столче во Судскиот совет, откако неговата колешка Мирјана Радевска Стефкова поднесе оставката по низата скандали што ја потресе институцијата.

Големи беа реакциите во однос на Георгиев, откако за него Судскиот совет веднаш по неговото кандидирање ја прекина постапката за нестручно работење од времето кога бил претседател на Апелациониот суд во Штип. На затворена седница, членовите на Советот одлучија дека постапката за негово разрешување (за која 6 месеци не било одлучувано), е неоснована. Во однос на ова, Блупринт групата за реформи во правосудство минатата недела побара итно да се прекине со постапката за избор на нови членови во Судскиот совет. Обвинителството води предистражна постапка против Георгиев откако Судскиот совет таму ја препратил анонимната претставка поврзана со коруптивни дејствија.

Сопругата на Георгиев е обвинителка во Струмица, а неговиот син завршил Академија за судии и наскоро токму Судскиот совет треба да го избере.

Георгиев кариерата ја почнува во Основиот суд во родната Струмица во 1997 година и преку штипска Апелација доаѓа до Врховен суд, а сега и до Судски совет.

Судијката Димовска, пак, е судијка од 1996 година влегува, а годинава Судскиот совет не ја поддржа нејзината кандидатура за уставен судија. Таа е сестра на пратеничката Снежана Калевска Ванчева од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...