вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: судии | 162 резултати

Грковска-Кежмах: Не смее да има солидарност за судиите кои го рушат имиџот на професијата или се корумпирани

септември 27, 2023

Судиите мора да ја чуваат својата независност и во таа насока не смее да има солидарност за оние кои што го рушат угледот на професијата или се корумпирани,  порачаа денес заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и потпретседателката на словенечкиот Судски совет, Уршка Кежмах кои имаа работен состанок […]

Димовска и Георгиев нови членови на Судскиот совет, повеќето врховни судии го бојкотираа изборот

јули 13, 2023

Судиите Антоанета Димовска и Наке Георгиев се новите членови на Судски Совет, откако двајца членови претходно дадоа оставки по низата контроверзии во оваа судска институција. Повеќето врховни судии кои гласале, според резултатите, ги пречкртале гласачките ливчиња, но сепак Наке Георгиев станува нов член иако тој има само 6 гласа „за“ (заедно со неговиот глас), а […]

И покрај реакциите, утре се бираат двајца нови членови на Судскиот совет

јули 12, 2023

Вкупно 236 судии утре ќе гласаат за избор на двајца нови членови на Судскиот совет, информира Судскиот совет. Од нив, 16 судии ќе гласаат во изборната единица во Врховниот суд, а 220 судии на 12 избирачки места од  апелационото подрачје на Скопје и управните судови. Единствен кандидат за член на Судскиот совет од Врховниот суд […]

Контраспин: Судскиот совет спинува околу оценската мисија на ЕУ

јули 10, 2023

Многу е голема перцепцијата дека членовите на Судскиот совет (или тој што го пишувал соопштението) мислат поинаку, ама не смее тоа да се каже и дека, всушност, во СС не се нималку задоволни со странска мисија што ќе го оценува, па ќе предлага решенија. Можеби затоа јавноста вчера беше известена со став во форма на […]

Тројца пријавени за две испразнети места во Судскиот совет, ќе се гласа на 13 јули

јули 5, 2023

Судскиот совет ја утврди кандидатската листа за избор на двајца нови членови на Судскиот совет, откако врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и апелацискиот судија Зоран Герасимовски поднесоа оставки од функциите. Двајца членови на Судскиот совет поднесоа оставки Формирана е и комисија која треба да го спроведе изборот на 13 јули. Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд […]

Кацарска: Во септември ќе бидат ставени на седница Преспанскиот договор и Законот за јазиците

јуни 28, 2023

Законот за јазиците и Преспанскиот договор ќе бидат ставени на седница во септември, односно најдоцна во октомври, кажа денеска на брифинг со новинарите претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Таа рече дека одложувањето на решавањето по овие предмети е поради недоволниот број на судии во Уставниот суд. „Пратениците и понатаму не избираат уставни судии. Од […]

Поразителни бројки за судството: Судиите соочени со притисоци, не веруваат во Судскиот совет и не се чувствуваат безбедни

јуни 13, 2023

Притисоците или обидите за влијание врз судиите од нивните колеги или судиите од повисок ранг и од членовите на Судскиот совет се зголемени за повеќе од 10 отсто, во споредба со 2009 година. Судиите не се чувствуваат безбедни во секојдневниот приватен живот и во просториите на судот. Тие не веруваат ниту во Судскиот совет – […]

Двајца членови на Судскиот совет поднесоа оставки

јуни 6, 2023

Судиите Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимоски, судија од скопскиот Апелациски суд, поднеле неотповикливи оставки од функциите членови на Судскиот совет. Причините за оставките сè уште не се познати, а Герасимоски во изјава за Мкд.мк рече дека ќе почека оставката да биде констатирана на седница па јавно ќе ги кажел причините за одлуката […]

Блупринт групата: Судскиот совет продолжува со незаконито и нетранспарентно постапување

мај 5, 2023

Блупринт групата за реформи во правосудството денеска искажа сериозна загриженост за последниот развој на настаните во Судскиот совет на РСМ (ССРСМ). Односно, како што се вели во јавната реакција на Блупринт групата, вчера во период од помалку од четири часа, ССРСМ одржа дури три одделни седници „на кои, наместо да ги исправи повредите сторени на […]

Анита Бошковска и Катерина Георгиевска избрани за судијки во Врховниот суд

март 29, 2023

Ниту еден од петте кандидати за избор на врховни судии во кривичниот оддел на Врховниот суд не беше избран од Судскиот совет. Од граѓанска област, за судии на Врховниот суд исто така беа пријавени пет кандидати, но Судскиот совет избра само две судијки што ги исполнија условите од законот, односно добија најмалку осум гласа „за“. […]

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со амандмани против покачување на платите на судиите и обвинителите

март 20, 2023

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите за платите во судството и обвинителството ги поднесе поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски уште во декември лани. Законите се најдоа на дневен ред на седницата […]

Порталб: Основниот суд во Струга пред колапс, судиите имаат и до 400 предмети

декември 14, 2022

Основниот суд во Струга веќе цели години функционира во многу тешки услови поради недостаток на професионален кадар. Моментално ситуацијата е уште поотежната и судството во овој град е пред колапс, пишува Порталб.мк. Како последица на недостатокот на професионален кадар во Основниот суд во Општина Струга, граѓаните мораат да чекаат со месеци или дури по цели […]

Контраспин: За кусокот судии и обвинители поради пензија виновна е Владата

јули 5, 2022

За последната состојба со пензионирањето на 60-тина судии и 13 јавни обвинители од 01.07.2022, поради исполнување услови за старосна пензија виновна е единствено Владата, односно министерот за правда Никола Тупанчески, како најнадлежен за обезбедување услови за функционално правосудство. Имено, тој и други одговорни лица навреме биле предупредени за состојбата, а измените на ЗРО како ад-хок […]

Порталб: Објавен составот на комисиите што ќе ги контролираат и оценуваат судиите

април 6, 2022

Иако беше ветено дека процесот на прочистување на судството ќе започне во јануари 2021 година, Судскиот совет на Република Северна Македонија вчера ги формираше комисиите за контрола и оцена на судиите и претседателите на судовите, извести Порталб.мк. Оцената на квалитетот на водењето на судските постапки ќе се врши преку контрола во 10 предмети на судијата […]

Вистиномер: Во Австралија судиите не се ослободени од вакцинација

јануари 25, 2022

Судот во Викторија како независен од извршната власт, самиот се организира и самиот си носи одлука да одржува судења само кога сите учесници се целосно вакцинирани. Судиите не покажуваат отпор кон вакцинацијата. Фактот што владата на Викторија не е онаа што го наметнува задолжителното вакцинирање за судиите, туку тоа го прават тие самите, е тоа […]

Селективната правда за 27 април е неправда за граѓаните и новинарите, велат од ЗНМ и ССНМ

ноември 2, 2021

Новинарските организации велат дека 27 април 2017 година е симбол на неказнивост на нападите кон новинарите, запаметен како црниот четврток за новинарите во Македонија, кои беа нападнати за време на упадот во Собранието. На овој ден, во моментите пред изборот на нов претседател на Собранието, во организација на високи функционери од сегашната опозиција а тогашна […]

Маричиќ: Постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто

јуни 14, 2021

Министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити, изјави дека е постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто. „По повеќе години дебати со Здружението на судии дојдовме во фаза каде што постигнавме согласност и сериозен напредок во нашите разговори. Денес на нашата средба […]

Се залагаме за унапредување на статусот на Уставниот суд, вели Маричиќ

мај 21, 2021

Министерот за правда Бојан Маричиќ на стручната дискусија „Уставното судство во Република Северна Македонија“ порача дека имајќи го предвид фактот на високиот степен на одговорност, неспорно е дека материјалните права на уставните судии треба да се доуредат со законски норми. „За да може да се постигне повисок степен на ефикасност при работењето, потребно е да […]

Премиерот Заев најави дека прочистувањето на правосудството ќе биде прв приоритет во 2021 година

декември 21, 2020

Длабоките и суштински реформи во правосудството се во своето финале, а наредната година приоритет број 1 во земјава ќе биде прочистувањето на правосудството, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на која ги претстави 10-те приоритети на кои ќе работи Владата на РСМ догодина во рамките на „Акција 21 – за европски стандарди дома!“ „Ќе […]

Порталб: Судиите и обвинителите ќе ги „чисти“ државата, но под надзор на ЕУ

ноември 7, 2020

Методологијата за чистење на судството се очекува да биде објавена на крајот на првите 100 дена од мандатот на министерот за правда, Бојан Маричиќ. Во процесот се вклучени сите релевантни институции, под надзор на претставниците на Европската унија, пишува „Порталб.мк“. Министерството за правда работи на методологијата за чистење или филтрирање на судии и обвинители, бидејќи […]

Страна 1 од 8