fbpx

Премиерот Заев најави дека прочистувањето на правосудството ќе биде прв приоритет во 2021 година

-

Длабоките и суштински реформи во правосудството се во своето финале, а наредната година приоритет број 1 во земјава ќе биде прочистувањето на правосудството, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на која ги претстави 10-те приоритети на кои ќе работи Владата на РСМ догодина во рамките на „Акција 21 – за европски стандарди дома!“

„Ќе се ревидираат цели досиеја. Секој судија ќе биде оценуван. Ќе има листа на критериуми кои ќе се прегледуваат за сите судии: Како воделе постапка, како изведувале докази, како се сослушувани сведоци и особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање. Сите тие работи ќе ги поминува Судскиот совет или Советот на јавните обвинители и сето тоа во утврдена временска рамка и транспарентност“, изјави Заев, дополнувајќи дека моделот за прочистување во судството и обвинителството е во завршна фаза.

Премиерот појасни дека целиот процес ќе оди во фази и постепено, ама ќе се проверат сите, а во оваа активност е вклучена и проверката на имотната состојба на судиите и обвинителите од Државната комисија за спречување на корупција.

Паралелно на овој процес, на почетокот на 2021 година, најдоцна на пролет, се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил, околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашните експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ, информираше Заев на прес-конференцијата.

„Ние сме прва држава во регионот која од Европската Унија побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на судските предмети врзани за високата корупција. И тоа никако нема да зависи од стартот на преговорите со ЕУ“, изјави премиерот.

Премиерот Заев информираше дека ќе се иницира носење законски измени врз основа на кои Јавното обвинителство ќе мора редовно и постојано да ја информира јавноста за својата работа и за напредокот во предметите кои ги следат граѓаните и за коишто постои посебен јавен интерес.

„Тука пред сѐ мислам на предметите од организиран криминал и корупција, како и други предмети од јавен интерес“, изјави Заев.

Во делот на реформите во правосудството, премиерот Заев рече дека како резултат на донесувањето на Законот за јавно обвинителство предметите за висока корупција се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници. Тој додаде дека изминатава година од страна на Судскиот совет биле покренати 80-тина предмети, а осум судии биле разрешени.

„Дома, нема да дозволиме неуспехот на ЕУ со неодобрувањето на преговарачката рамка, да предизвика застој во внатрешните реформи. Напротив, со уште повеќе верба, посветеност и единство, ќе се посветиме на градењето европски стандарди дома“, изјави премиерот Зоран Заев.

Од 10-те приоритети во „Акција 21“ како број 1 на листата е Заев рече дека е прочистувањето на правосудството. Тој нагласи дека сме во финалето на длабоките и суштински реформи во правосудството, а како резултат на Законот за јавно обвинителство предметите за висока корупција се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...