Блупринт групата: Судскиот совет продолжува со незаконито и нетранспарентно постапување

-

Блупринт групата за реформи во правосудството денеска искажа сериозна загриженост за последниот развој на настаните во Судскиот совет на РСМ (ССРСМ). Односно, како што се вели во јавната реакција на Блупринт групата, вчера во период од помалку од четири часа, ССРСМ одржа дури три одделни седници „на кои, наместо да ги исправи повредите сторени на седницата на 26 април 2023, продолжи со практиката на повреда на одредбите од Законот за Судскиот совет“.

Групата составена од граѓански организации порачува дека будно ги следела случувањата околу разрешувањето на доскорешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, а сега е непријатно изненадена од вчерашната разврска и изборот на нов претседател на ССРСМ.

Особено е погубно тоа што мнозинството од членовите на Судскиот совет на РСМ останаа глуви на забелешките од страна на огромен број водечки правни експерти, граѓански организации и медиуми дека на седницата одржана на 26.4.2023 се случи флагрантна и недопустлива повреда на Законот за Судскиот совет и Деловникот на Судскиот совет. За жал и на штета на владеењето на правото членовите на ССРСМ направија неуспешен обид да го „озаконат“ своето незаконско постапување од 26.4.2023, повторно со повреда на одредбите од Законот за Судски совет и Деловникот со кој се уредува работата на ССРСМ.

Односно, како што е наведено во реакцијата на Блупринт групата за случувањата во ССРСМ, на две од трите седници одржани вчера „беше незаконито исклучена јавноста со повикување на чл. 39 ст. 2 од Законот за Судскиот совет, според кој јавноста може да биде исклучена единствено и само „заради заштита на угледот и интегритетот на судијата или кандидатот за судија“ што не беше случај“.

Таквото образложение е целосно неосновано, стои во реакцијата на граѓанските организации.

Меѓучовечките односи помеѓу членовите на ССРСМ не се и не можат да бидат основ за исклучување на јавноста. Потенцираме дека не се работи за приватни односи помеѓу вработени лица туку за односи помеѓу носители на јавна функција, членови на колективен орган со особено значајни уставни надлежности, и затоа Судскиот совет на РСМ како институција не треба да биде заложник на меѓучовечките односи на неговите членови.

Друг флагрантен проблем, посочуваат граѓанските организации што ги следат реформите на правосудството, е и тоа што спротивно на член 38 од Законот за ССРСМ и член 11 од Деловникот на ССРСМ, седницата е закажана 15 минути пред почетокот, вон работно време на ССРСМ. Тоа е директно прекршување на законските одредби кои се однесуваат на транспарентност и јавност во работата на Советот, порачува Блупринт групата, нагласувајќи дека ваквиот развој на настаните води само кон целосно губење на легитимитетот на ССРСМ.

Убедени сме дека со последниве случувања, Судскиот совет на РСМ е на пат да го загуби целосно легитимитетот да избира, оценува и разрешува судии. Легитимитетот, покрај од Уставот, во суштинска смисла треба да извира пред сѐ од стручноста, професионалноста и интегритетот на членовите на овој орган кои со своето познавање на правото треба да бидат пример за севкупната правосудна фела посебно кога станува збор за судии и истакнати правници. Оценувањето на работата на судии, кое претставува единствен случај на проверка на работата на носителите на власт во Република Северна Македонија од аспект на стручност и професионалност, треба да го вршат исклучиво лица кои со своето професионално искуство и знаење покажале дека се стручни и независни, а не лица кои се обидуваат да ги заобиколат законите за да остварат одредена цел која не е поврзана со правото и за која оправдано постои сомнеж за постоење на политички влијанија.

Како што вели групата граѓански организации, сето тоа е во светлината на фактот дека четири од петте избрани членови на ССРСМ од страна на Собранието (со исклучок на Весна Дамева) „беа поддржувачи на одлуката од 26.4.2023 година, која по тврдењата на Дамева е донесена по политички притисок, со што се поставува прашањето во јавноста дали до оваа состојба во Судскиот совет дојде по основ на политички влијанија врз членовите кои не доаѓаат од редот на судиите“

Овие случувања за жал ќе предизвикаат особено црна дамка врз правосудството во целина иако одговорноста е пред сѐ кај членовите на ССРСМ и дополнително негативно ќе влијаат на довербата во правосудството која и така е на незавидно ниско ниво. Упатуваме повик до сите чинители вклучувајќи ги и членовите на ССРСМ да бидат достојни за функцијата која ја вршат и да преземат мерки за утврдување на индивидуална одговорност за сторените повреди од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, велат невладините.

Блупринт групата ја сочинуваат Македонско здружение на млади правници (МЗМП); Институт за европска политика (ЕПИ); Институт за човекови права (ИЧП); Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС); Хелсиншки комитет за човекови права и Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА).

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...