Кацарска: Во септември ќе бидат ставени на седница Преспанскиот договор и Законот за јазиците

Кацарска информираше и дека судот се сомнева во можноста да се внесе националноста во матичните книги на родените, умрените и на венчаните

-

Законот за јазиците и Преспанскиот договор ќе бидат ставени на седница во септември, односно најдоцна во октомври, кажа денеска на брифинг со новинарите претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Таа рече дека одложувањето на решавањето по овие предмети е поради недоволниот број на судии во Уставниот суд.

„Пратениците и понатаму не избираат уставни судии. Од 2 јуни е веќе трета година како судот не е комплетиран“, рече таа.

Кацарска информира дека има пет иницијативи за Преспанскиот договор и 13 за Закон за јазици. На есен, кажа, дека ќе биде донесен акт за Уставен суд во кој ќе има измени во поглед на постапката, начинот на работа и финансиската самостојност на Уставниот суд.

Кацарска информираше и дека судот се сомнева во можноста да се внесе националноста во матичните книги на родените, умрените и на венчаните, а тоа, пак, стана возможно откако министерот Кренар Лога донесе посебно Упатство како да се пополнува оваа графа во обрасците.

Уставниот суд се сомнева дека тоа не е во согласност со Уставот и затоа сите седум судии едногласно одлучиле да оформат предмет по сопствена иницијатива.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...