сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Закон за Јазици | 70 резултати

Македонскиот останува единствен службен јазик на целата територија

јануари 18, 2019

Законот за јазиците ги унапредува правата на сите немнозински заедници и не предвидува нови вработувања, а македонскиот јазик со кирилското писмо останува единствен службен јазик и на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, велат во денешното соопштение од Владата во врска како што велат лажните вести и невистини за примената на […]

Владата не знае колку ќе чини имплементацијата на Законот за јазици

јануари 16, 2019

Во моментов Владата нема конкретна сума за тоа колкави ќе бидат финансиските импликации од спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, рече портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа на денешната прес-конференција во Владата. Тој истакна дека минатата година за оваа намена биле издвоени 100 милиони денари. – По објавувањето на Законот за употреба на јазиците во […]

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите да го бојкотираат законот за јазиците

јануари 16, 2019

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска во име на партијата ги повика институциите на централно и локално ниво да го игнорираат и бојкотираат законот за јазиците и порача дека доколку одговорните во институциите поради тоа се соочат со проблеми или закани, правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ им стои […]

Законот за употреба на јазиците ќе бара многу работа

јануари 16, 2019

Со објавувањето во Службен весник стапува на сила Законот за употреба на јазиците чија имплементација ќе предизвика директни и индиректни финансиски импликации по буџетот на државата и на единиците на локалната самоуправа. Законот предвидува сите институции во државата односно од извршната, законодавната и судската власт да обезбедат превод на албански јазик во секојдневното работење. Директните […]

Џафери: Не чувствувам никаква одговорност, Иванов ги помешал лончињата

јануари 15, 2019

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека не чувствува никаква одговорност затоа што тој, а не претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ги потпиша указите за Законот за јазици и Законот за ратификација на договорот од Преспа и ги испрати на објавување во Службен весник. – Јас не чувствувам никаква одговорност затоа што […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Џафери и директорот на Службен весник

јануари 15, 2019

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на денешната прес-конференција најави кривична пријава против Талат Џафери и директорот на Службен весник, Мартин Костовски за објавувањето на Законот за употреба на јазиците без потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов. Тој повика сите институции на централно и локално ниво да го игнорираат и бојкотираат операционализирањето на законот […]

Џафери го испрати Законот за јазици во Службен весник

јануари 15, 2019

Претседателот на Собранието Талат Џафери, синоќа преку својот „Фејсбук“ профил објави дека го испратил во Службен весник Законот за употреба на јазиците. Во објавата Џафери на македонски и на албански јазик пишува: „Законот за употреба на јазиците и во Службен весник“. Со овој закон што два пати беше изгласан во Собранието, на 11 јануари и […]

Обвинителството отвори предистражна постапка за Иванов за кршење на Уставот

октомври 30, 2018

Скопското јавно обвинителство отвори предмет за претседателот Ѓорге Иванов во кој ќе постапува по две кривични пријави во врска со непотпишување на Законот за јазици и Договорот од Преспа. Предметот е во предистражна постапка и во моментов се преземаат дејствија за проверка на наводите од пријавата. Побарани биле податоци и информации од Собранието на Македонија […]

Џафери: Несериозно би било да се размислува за предвремени избори

мај 29, 2018

Би било несериозно било кој да размислува за предвремени парламентарни избори оваа година, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на редовниот брифинг со новинари. – Избори може да има секогаш кога пратениците ќе одлучат да се самораспуштат. Но, во сериозна држава во која сериозни работи треба да се случат, несериозно би било било кој да […]

Џафери: Упадот на 27 април е најлошото нешто што му се случило на Собранието

април 27, 2018

Не сум оптоварен временски кога ќе го пуштам законот за јазиците во Службен весник без потписот на претседателот на државата Ѓорге Иванов. Кога ќе оценам дека треба да се пушти, ќе го пуштам, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. – Доколку законот стапи во сила без потписот на Иванов, тоа […]

ВМРО-ДПМНЕ: Без потпишан указ од Иванов нема закон за двојазичност

март 22, 2018

Неуставниот, неприменлив и штетен закон за двојазичност, СДСМ и ДУИ на сила и шверцерски го истуркаа во Собранието, со флагрантно кршење на законот и деловникот за работа, реагира ВМРО-ДПМНЕ. – Насилието и кршењето на постапките е одраз на заробена и киднапирана држава од страна на Социјалдемократскиот сојуз, кои што охрабрени од власта која ја имаат […]

Жбогар: Очекуваме Законот за јазиците да стапи на сила и реформите да продолжат

март 19, 2018

Донесувањето на Законот за употреба на јазиците ќе ги подобри односите помеѓу зедниците и ќе ја врати земјата на реформската агенда, одговори евроамбасадорот Самуел Жбогар на новинарско прашање за овој закон. На новинарско прашање како го коментира тоа што Иванов не го потпишал Указот за Законот, Жбогар вели „ние очекувме Законот да стапи на сила […]

Амбасада на САД: Собранието да продолжи со својата агенда и да се фокусира на реформите

март 16, 2018

Американската амбасада во врска со донесувањето на Законот за употреба на јазиците завчера, го повтори ставот на помошникот државен секретар Вес Мичел, кој во вторникот кажа дека важно е Собранието да продолжи со својата агенда и да се фокусира на потребните реформи, кои сите партии рекоа дека ги поддржуваат. „Како што помошникот државен секретар Мичел кажа […]

Груевски: Немав намера да направам инцидент, Џафери да ѝ се извини на јавноста

март 16, 2018

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, денеска изјави дека немал намера да предизвика инцидент во Собранието, кога се усвојуваше Законот за употреба на јазиците, туку само сакал да покаже дека не се согласува со начинот на кој бил донесен. За време на паузата на судското рочиште за случајот на СЈО „ТНТ“, Груевски кажа […]

Заев: Одлуката на Иванов е флагрантно кршење на Уставот

март 16, 2018

Законот за употреба на јазиците нема ништо да се промени во Македонија ниту ќе ја наруши нејзината заедничка иднина. Апелирам да се пушти законот да живее, да се почитуваат институциите, а Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат по него, изјави премиерот Зоран Заев. – Да го оставиме законот за употребата на јазиците да […]

ВМРО-ДПМНЕ: Законот што насилно го истурка власта е неуставен, неприменлив и штетен

март 16, 2018

Зоран Заев и Талат Џафери режираа разочарувачки ден во Собранието, доведувајќи ја во прашање препораката за отпочнување на преговори за ЕУ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму додаваат дека „ова е реакција на амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние во врска со насилничкото и недемократско носење на штетниот закон за двојазичност.“ „СДСМ го погази […]

Заев: Законот е уставен, да ги отфрлиме политиките на поделби, раздор и конфликт

март 15, 2018

Премиерот Зоран Заев во обраќање до јавноста рече дека Законот за употреба на јазиците е сериозен придонес во градењето на концептот „едно општество за сите граѓани“ кој што добил поддршка од мнозинството граѓани на последните парламентарни избори, но и на локалните избори. Заев истакнува дека Законот е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5, […]

Џафери: Иванов според Уставот е должен да го потпише законот за јазиците

март 15, 2018

Доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише законот за употреба на јазиците, тој ќе го прекрши Уставот, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери. – Нема да коментирам што ќе биде ако биде. Членот 75 од Уставот на Република Македонија е јасен и по повторното гласање со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието, што […]

Села, Гаши и Мухиќ тврдат дека гласале за Законот, но системот не ги регистрирал

март 15, 2018

Пратениците Ферид Мухиќ, Африм Гаши и Зијадин Села на денешната собраниска седница рекоа дека вчера гласале за Законот за употреба на јазиците, a електронскиот систем не ги регистрирал. Мухиќ, кој е пратеник од СДСМ, рече дека е целосно уверен дека Законот е добар за граѓаните и затоа гласал, иако на стенограмот не го пишува тоа. – […]

Мета и Бушати: Законот за јазиците – значаен историски акт и знак за зрелост

март 15, 2018

Официјална Тирана го поздрави донесувањето на законот за јазиците од страна на Собранието на Македонија. Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека законот за јазиците претставува значаен историски акт. -Овој акт е од големо значење не само за Албанците во Македонија туку претставува и европско достигнување на Македонија – рече Мета. Албанската влада преку Министерството за […]

Страна 1 од 4