fbpx

Порталб: Објавен составот на комисиите што ќе ги контролираат и оценуваат судиите

-

Иако беше ветено дека процесот на прочистување на судството ќе започне во јануари 2021 година, Судскиот совет на Република Северна Македонија вчера ги формираше комисиите за контрола и оцена на судиите и претседателите на судовите, извести Порталб.мк.

Оцената на квалитетот на водењето на судските постапки ќе се врши преку контрола во 10 предмети на судијата кој се оценува, од кои 5 ги избира самиот, а другите 5 по случаен избор преку автоматизиран компјутерски систем. Контролата ја вршат комисии составени од 5 члена на соодветните судови. Судиите од повисоките судови ги контролираат и оценуваат судиите од пониските судови.

При оценувањето на претседателите на судовите ќе се има предвид транспарентноста на извештаите, спроведувањето на програмата за работа и Акцискиот план, спроведувањето на Судскиот деловник, функционирањето на системот за управување со предмети, квалитетот на квалитативните одлуки во судска администрација и односи со јавноста и транспарентност.

Подетални информации за контролата и оценувањето на судиите можете да прочитате тука.

Комисии за увид и оцена на судии и претседатели на судови:
Комисија за увид и оцена на судии на основните судови на апелационо подрачје Гостивар во состав од:
• Мирјанка Гоцевска Стефановска – претседател на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип);
• Беким Мехмеди – член на Комисијата (претседател на Апелационен суд Гостивар);
• Лилјана Ицкова – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Гостивар);
• Санде Зиков – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);
• Аце Бакиевски – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Битола);

Комисија за увид и оцена на судии на основните судови на апелационо подрачје Штип во состав од:
• Златко Анѓелковски – претседател на Комисијата (судија на Апелационен суд Гостивар);
• Корнелија Давчева – член на Комисијата (претседател на Апелационен суд Штип);
• Данка Ристова – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип)
• Јетмире Ајдини Бошњаку – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);
• Татјана Сусулеска – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Битола);

Комисија за увид и оцена на судии на основните судови на апелационо подрачје Скопје во состав од:
• Лидија Димчевска – претседател на Комисијата (претседател на Апелационен суд Скопје);
• Енвер Беџети – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);
• Изет Исмаили – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Гостивар);
• Александар Камбовски – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Битола);
• Софија Манева – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип);

Комисија за увид и оцена на судии на основните судови на апелационо подрачје Скопје во состав од:
• Африм Јакупи – претседател на Комисијата (судија на Апелационен суд Гостивар);
• Ќенанзија Мехмед – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);
• Агим Мислими – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);
• Љиљана Чочковска – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Битола);
• Тони Делев – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип);

Комисија за увид и оцена на судии на основните судови на апелационо подрачје Скопје во состав од:
• Анита Бошковска – претседател на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);
• Роза Георгиева – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);
• Ѓерасим Ѓерасимовски – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Гостивар);
• Петре Србиновски – член на Комисијата (претседател на Апелационен суд Битола);
• Славчо Тасев – член на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип);

Комисија за увид и оцена на судии на апелационите судови во состав од:
• Беса Адеми – претседател на Комисијата (претседател на Врховниот суд на РСМ);
• Лидија Мартинова – член на Комисијата (судија на Врховниот суд на РСМ);
• Шпенд Деваја – член на Комисијата (судија на Врховниот суд на РСМ);
• Мирјана Радевска Стефкова – член на Комисијата (судија на Врховниот суд на РСМ);
• Џемали Саити – член на Комисијата (судија на Врховниот суд на РСМ);

Комисија за увид и оцена на судии на Управниот суд во состав од:
• Фани Илиевска – претседател на Комисијата (судија на Вишиот управен суд);
• Дијана Димитрова – член на Комисијата (судија на Вишиот управен суд);
• Рина Исени – член на Комисијата (судија на Вишиот управен суд);
• Загорка Тноковска – член на Комисијата (судија на Вишиот управен суд);
• Мирјана Василевска – член на Комисијата (судија на Вишиот управен суд);

Комисија за увид и оцена на претседатели на основни судови на апелационо подрачје Битола во состав од:
• Анита Милошевска – претседател на Комисијата (судија на Апелациониот суд Битола);
• Виолета Костовска – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Битола);
• Зоран Караџовски – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Битола);
• Никола Крстески – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Битола);
• Петкана Јадровска – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Битола);

Комисија за увид и оцена на претседатели на основни судови на апелационо подрачје Скопје во состав од:
• Ѓорѓи Радојков – претседател на Комисијата (судија на Апелациониот суд Скопје);
• Букурије Ајдини – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Скопје);
• Лидија Зимбовска – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Скопје);
• Мелек Алија Елези – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Скопје);
• Наташа Савовска Димитровска – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Скопје);

Комисија за увид и оцена на претседатели на основни судови на апелационо подрачје Штип во состав од:
• Светлана Јованова – претседател на Комисијата (судија на Апелациониот суд Штип);
• Весна Димитриевска Накова – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Штип);
• Кирче Донев – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Штип);
• Корнелија Давчева – член на Комисијата (претседател на Апелациониот суд Штип);
• Софија Манева – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Штип);

Комисија за увид и оцена на претседатели на основни судови на апелационо подрачје Гостивар во состав од:
• Абдулбари Рамадани – претседател на Комисијата (судија на Апелациониот суд Гостивар);
• Али Алиу – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Гостивар);
• Велко Страшевски – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Гостивар);
• Шефајет Хајдари – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Гостивар);
• Рафис Идризи – член на Комисијата (судија на Апелациониот суд Гостивар);

Комисии за оценување на работата на судија и претседател на суд и тоа:
Комисија за оценување на работата на кандидати за судии на Апелационен суд Скопје и за претседатели на Основен кривичен суд Скопје и Основен суд Куманово, во состав од:
• Сашко Георгиев – претседател на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);
• м-р Миљазим Мустафа – член на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);
• Ханиф Зендели – член на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);

Комисија за оценување на работата на кандидати за судии на Врховниот суд на РСМ: Апелациониот суд Гостивар, Основен кривичен суд Скопје, Основен суд Штип и за претседатели на Основен суд Берово, Основен суд Виница, Основен суд Ресен и Основен суд Тетово, во состав од:
• Гордана Спиреска – претседател на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);
• Зоран Теофиловски – член на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);
• м-р Тања Чачарова Илиевска – член на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);

Комисија за повторно оценување на судија/претседател на суд во состав од:
• Мирсад Суроји – претседател на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);
• Лорета Горгиева – член на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);
• Весна Дамева – член на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);

Инаку, според едно истражување објавено во декември 2021 година од организацијата Евротинк, при што граѓаните беа прашани за довербата во институциите на Северна Македонија, 8 отсто од нив се изјасниле дека имаат доверба во судството.

Реформите во правосудството се еден од главните принципи на Владата, имајќи предвид дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ – а пак истите ќе бидат прекинати веднаш доколку судството продолжи со старата практика – нетранспарентност, непрофесионалност, пристрасност, нерамноправност или влијание на претставници на власта во нивните одлуки.

Иако во текот на минатиот мандат, реформите во судството се ветуваа и постојано беа дел од говорите на власта дека ќе се реформира, сепак, освен законите донесени на хартија – на терен ситуацијата беше сосема иста, што е уште една причина помалку за да му се верува на ресорот со најмала доверба кај граѓаните, по скандалот/разочарувањето со главната специјална обвинителка, Катица Јанева.

„Ветингот“ беше едно од решенијата кое се спомнуваше постојано како директна алатка за прекинување на практиката на нетранспарентност или неказнивост на судските структури и покрај лошите резултати и скандалозните одлуки. Но, ЕУ не претпочиташе такво решение поради горкото искуство во Албанија, каде институциите беа блокирани. Но, тоа не значи дека не барале прочистување на судството. Барањето на Европејците беше државните органи на РСМ да го исчистат судството, но со постоечките механизми, што беше почитувано и „ветингот“ според моделот на Албанија беше тргнат од маса.

За новиот модел, универзитетската професорка, Беса Арифи, во анализа на Порталб.мк, оцени дека истото ќе го даде посакуваниот резултат и ако овој процес заврши на најдобриот можен начин, но судство мора само да ја врати довербата кај граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...