среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: почеток на преговорите | 94 резултати

Амбасадорката на Шведска: Земјава ризикува да го изгуби сегашниот силен моментум за проширување, доколку преговорите не започнат навреме

18 јуни 2023

Амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин, во интервју за Порталб.мк зборува за последните случувања во земјата, за уставните измени на евроинтегративниот пат на земјата, реформите во правдата и застапеноста на жените во политиката. Амбасадорката вели дека е охрабрувачки да се види дека почнал дијалогот меѓу власта и опозицијата за уставните измени. Исто […]

Мицкоски бара ТВ-дуел, од СДСМ со порака да се испорача договореното на лидерската средба

16 јуни 2023

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара телевизиски дуел со премиерот Димитар Ковачевски за да може јавно пред македонската јавност, очи во очи да си кажеле тоа што сакаат, по што народот би судел и пресудувал. Мицкоски додаде дека македонскиот народ заслужува фер шанса каква што имале сите народи кои пристапувале на ЕУ, а тоа […]

Пендаровски на Преспа форумот: Не би сакал војната во Украина да биде поттик за проширувањето на ЕУ

16 јуни 2023

Ако војната во Украина е поводот Европската Унија да го врати интересот за проширувањето кон регионот на Западен Балкан, тогаш многу природно се наметнува прашањето – што ќе се случи кога војната во Украина ќе заврши, запраша претседателот Стево Пендаровски во денешниот говор на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ на Преспа форумот […]

Бундестагот ја усвои Резолуцијата за поддршка на Македонија, германската десница гласаше против

16 јуни 2023

Со мнозинството гласови на социјалдемократите, Зелените и либералите, германскиот парламент синоќа ја усвои Резолуцијата за поддршка на Македонија на патот кон членство во ЕУ, во која е наведено и дека Бундестагот ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет. Германските десничарски партии, вклучувајќи ја и ЦДУ/ЦСУ на поранешната премиерка Ангела Меркел гласаа против резолуцијата и изнесоа […]

Бундестагот денеска ќе гласа резолуција за признавање на македонската култура, јазик и идентитет

15 јуни 2023

Резолуција за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ вечерва ќе се најде на дневен ред пред пратениците во германскиот парламент – Бундестагот. Оваа резолуција е предложена од пратеничките групи на социјалдемократите, зелените и либералите, а самиот документ е текст од три страници и со 13 препораки до германската влада за тоа што треба да направи […]

Пендаровски: Надвор од реалноста е барањето уставните измени да важат по приемот на Македонија во ЕУ

13 јуни 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска го оцени како нереално барањето на ВМРО-ДПМНЕ уставните измени да се донесат, но да бидат со одложено дејство откако Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ. Пендаровски вели дека лично би сакал да може тоа да се направи, но е апсолутно надвор од реалноста. Пендаровски вели дека заклучоците на Европскиот совет се […]

Ковачевски би отстапил од премиер, ако има некој од ВМРО што ќе сака да ги потпише уставните измени за во Собрание

13 јуни 2023

Премиерот Димитар Ковачевски би го отстапил премиерското место, доколку некој од ВМРО-ДПМНЕ сака да ја има таа чест да ја потпише како премиер иницијативата за предложените уставни измени што треба да се достават до Собранието. Од владата брифираат дека Ковачевски со големо задоволство би му ја отстапил на ВМРО-ДПМНЕ таа чест. Исто така, штом ДУИ […]

Мицкоски и Ковачевски се препукуваат околу предлозите за уставни измени

12 јуни 2023

Лидерите на двете најголеми политички партии во земјава, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски со денови се препукуваат околу предлозите за уставни измени. По ДУИ, и од Алијансата на Албанците денеска нагласија дека се подготвени и тие да излезат од владата доколку ВМРО-ДПМНЕ ги гласа уставните измени, додека партијата БЕСА најави оти нема намера да влезе […]

Џес Бејли оптимист дека земјава ќе влезе во ЕУ: Уставните измени се решение за бугарското вето

9 јуни 2023

Поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли вели дека уставните измени се јасно решение за бугарското вето, но оти ќе биде разочарување ако има ново вето понатаму што ќе го закочи патот кон Европската Унија. Бејли, во интервју за Гласот на Америка на македонски, вели дека е оптимист оти земјата ќе влезе во ЕУ, […]

Нови собири – старо-нови пораки кон Балканот

6 јуни 2023

Почетокот на јуни го одбележаа два собири релевантни за проширувањето – првиот беше Глобсек вo Словачка, а вториот – Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија. Се осврнуваме на конференцијата Глобсек 2023 во Братислава, на која можеа да се слушнат интересни погледи за проширувањето, иако тоа не беше централна точка на интерес – главниот аспект […]

Средба Ковачевски-Агелер: По членството во НАТО, земјава треба да стане членка на ЕУ

2 јуни 2023

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, на која е разговарано за суштинските прашања во врска со напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите, информираат од владината прес-служба. На состанокот била реафирмирана јасната порака на САД дека земјава по членството во НАТО, треба да стане членка и на […]

Ковачевски се сретна со Макрон, доби уверување дека Франција ја сака земјава во ЕУ

31 мај 2023

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствувал и министерот за надворешни работи Бујар Османи, информираат од владината прес-служба. Премиерот Ковачевски му се заблагодарил на францускиот претседател за неговиот личен ангажман во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата. Соговорниците […]

Подготовки за уставните измени: Министерство за правда бара членови за работната група

4 април 2023

Почнаа подготовките за уставните измени. До 10 април е рокот за номинирање на претставник во работната група за измени на Уставот на Република Северна Македонија, информираа денеска од Министерството за правда. „Дописи се испратени до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии, експерти кои […]

Ван дер Белен: Патот на ЕУ интеграцијата на Македонија е трасиран

29 март 2023

Претседателот на Австрија, Aлександар Ван дер Белен е во официјална посета на земјава. Тој, во говорот кој го одржа во законодавниот дом, порача дека преговарачката рамка со ЕУ, која С. Македонија ја усвои во јули лани, не може од ново да се преговара и ги увери пратениците дека македонскиот јазик ќе остане неоштетен на нашиот […]

До каде е скринингот?

20 јануари 2023

По едномесечна празнична пауза продолжува скринингот. Тоа е веројатно добар момент да се направи пресек до каде е овој процес. Овде презентираните податоци се засноваат на објавениот календар на веб страната на СЕП и досегашното следење на скринингот. Двата дела од скринингот – објаснувачкиот и билатералниот – се одвиваат напоредно. Досега е завршен објаснувачкиот скрининг […]

Минатата година во сферата на евроинтеграциите беше успешна за земјава

8 јануари 2023

2022 година може да се смета како успешна година за Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат. По многу перипетии, на 19 јули земјава доби зелено светло за отпочнување на преговорите со Европската Унија. Ова успеа да се случи со интервенирање на Франција, која даде еден предлог за двете земји, што на почеток не беше прифатен […]

Скрининг – почеток на почетокот

5 октомври 2022

Меѓу многубројните странски зборови кои се користат во евроинтегративниот процес, најактуелен е „скрининг“. Во случајов на преговорите со ЕУ означува процес кој треба да овозможи оценка на состојбата на усогласеност на земјата со барањата на обврските на една држава членка на ЕУ. Ќе се осврнеме на неколку клучни аспекти на скринингот: неговата содржина, динамика, главните […]

Петков: Корупцијата е најдобриот инструмент на Москва за влијание на Балканот

28 јули 2022

Корупцијата е најдобриот инструмент на Москва за влијание на Балканот, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за британскиот весник „Тајмс“, а чии најважни поенти ги пренесува Медиа Пул. За време на краткиот премиерски мандат, Петков вели дека успеале да ја ограничат корупцијата на локално ниво во Бугарија, но и откриле дека имале поголем непријател, […]

Порталб: Што по прифаќањето на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија?

22 јули 2022

Веднаш по усвојувањето на францускиот предлог во Собранието на Северна Македонија, на 19 јули се одржа првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Албанија со Европската Унија. Преговорите нема да почнат сè додека не се спроведат уставните измени од македонска страна, за што е потребно да гласаат две третини од пратениците во Собранието, што мнозинството […]

Вархеји со порака до македонската опозиција: Уставните измени ќе мора да се случат

19 јули 2022

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји денеска упати порака и до македонската опозиција, која изминатиов период жестоко се спротивстави на европскиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ. Вархеји изјави дека уставниот измени ќе мора да се случат, а опозицијата ќе треба да покаже дека е посветена на што поскоро зачленување во ЕУ. „Искрено се надевам […]

Страна 1 од 5