fbpx

До каде е скринингот?

Недоволно информации за пошироката јавност за досегашниот процес

-

По едномесечна празнична пауза продолжува скринингот. Тоа е веројатно добар момент да се направи пресек до каде е овој процес. Овде презентираните податоци се засноваат на објавениот календар на веб страната на СЕП и досегашното следење на скринингот.

Автор: Малинка Ристевска – Јорданова

Двата дела од скринингот – објаснувачкиот и билатералниот – се одвиваат напоредно. Досега е завршен објаснувачкиот скрининг за првите три кластери: 1. Темели, 2. Внатрешен пазар и 3. Конкурентност и инклузивен раст. Овие кластери опфаќаат 22 поглавја и три области. Потсетуваме дека овој циклус на објаснувачки скрининг, во кој Европската комисија го презентира правото на Унијата, е ажурирање на претходно одржаниот аналитички скрининг во 2018-2019 година.

Претстои објаснувачкиот скрининг за преостанатите три кластери: 4. Зелена агенда и одржлива поврзаност (март) ; 5. Ресурси, земјоделство и кохезија (јуни) и 6. Надворшени односи (септември).

Билатералниот скрининг е завршен за првиот кластер. За вториот кластер се планира од јануари до март, за третиот – од март до јуни, за четвртиот – во јуни и септември, за петтиот и шестиот – во октомври и ноември.

Распоредот на скринингот е прикажан на следнава табела (завршените делови се потемнети; АА: ажурирање на аналитички скрининг; Б: билатерален скрининг).

2022 2023
Кл. Поглавје/област IX X XI XII I II III IV V VI VII VIII IX X XI
1 Демократски институции АА Б
1 23 Правосудство и темелни права АА Б
1 Реформа на јавната администрација АА Б
1 24 Правда, слобода и безбедност АА Б
1 Економски критериуми АА Б
1 5 Јавни набавки АА Б
1 18 Статистика АА Б
1 32 Финансиска контрола АА Б
2 1 Слободно движење на стоки АА Б
2 2 Слободa на движење за работниците АА Б
2 3 Право на основање и слобода на движење на услуги АА Б
2 4 Слободно движење на капиталот АА Б
2 6 Право на трговски друштва АА Б
2 7 Право на интелектуална сопственост АА Б
2 8 Политика на конкуренција АА Б
2 9 Финансиски услуги АА Б
2 28 Заштита на потрошувачите и здравствена заштита АА Б
3 10 Информатичко општество и медиуми АА Б
3 16 Оданочување АА Б
3 17 Економска и монетарна унија Б
3 19 Социјална политика и вработување АА Б
3 20 Претпријатија и индустриска политика АА Б
3 25 Наука и истражување АА Б
3 26 Образование и култура АА Б
3 29 Царинска унија АА Б
4 14 Транспортна политика АА Б
4 15 Енергија АА Б
4 21 Трансевропски мрежи АА Б Б
4 27 Животна средина и климатски промени АА Б
5 11. Земјоделство и рурален развој АА Б
5 12. Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика АА Б
5 13. Рибарство АА Б
5 22. Регионална политика и координација на структурните инструменти АА Б
5 33. Финансиски и буџетски одредби АА Б
6 30. Надворешни односи АА Б
6 31. Надворешна, безбедносна и одбранбена политика АА Б

Она што е помалку познато за пошироката јавност е содржината на процесот, за што се значајни транспарентноста, но и комуникацијата на клучните чинители.

Најпрвин во поглед на транспарентноста.  За објаснувачкиот скрининг достапни се презентациите на Европската комисија од претходно одржаниот скрининг за сите поглавја (2018-2019) и од ажурирањето за Кластерот Темели, но не и за вториот и третиот кластер. Позитивно досега беше тоа што имаше он-лајн преноси на состаноците. Меѓутоа, нив ги следат релативно мал број експерти и претставници на невладините организации.

За билатералните состаноци податоците се уште поштури. Презентациите не се објавени. За жал, на официјалната веб страна на Секретаријатот за европски прашања, информациите и документите во врска со скринингот и воопшто за преговорите се неструктуирани.

Ниту Албанија не може да се пофали со транспарентност на релевантните документи. За споредба, информациите и документи за преговорите на Црна Гора и за Србија поструктуирани. Достапни се и презентациите од билатералниот скрининг (иако беа објавени подоцна), а за Србија и записниците од објаснувачкиот.

Што се однесува пак до информирањето и комуникацијата со пошироката јавност, таа главно се исцрпува со соопштенија за состаноците. Главниот аспект е учеството на функционерите/претставниците на институциите во нив. Отсуствува напор од Владата, односно од Секретаријатот за европски прашања, како централно координативно тело на процесот, на пошироката јавност да ѝ се пренесе главната содржина и пораки од состаноците На конференциите за печатот, но и во другите облици на комуникација, содржината на скринингот паѓа во сенка на политичките прашања, како што е прашањето за измена на Уставот.

Според штурото соопштение од Секретаријатот за европски прашања, на неoдамна одржаниот трет состанок на Работнио комитет за европска интеграција, меѓу другото, се разговарало и за „обврските од билатералниот скрининг“, но нема објаснување какви се тие обврски. Претпоставка е дека во оваа фаза тоа се барања за дополнителни податоци и објаснувања по состаноците. Меѓутоа, за да нема претпоставки, неопходни се информации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...