fbpx

Мицкоски бара ТВ-дуел, од СДСМ со порака да се испорача договореното на лидерската средба

Премиерот Ковачевски нагласи дека наместо трошење време на нови дуели и лидерски средби, надвор од политичките процеси, на граѓаните и државата им е потребна обединетост, како земјата би продолжила по европскиот пат

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара телевизиски дуел со премиерот Димитар Ковачевски за да може јавно пред македонската јавност, очи во очи да си кажеле тоа што сакаат, по што народот би судел и пресудувал.

Мицкоски додаде дека македонскиот народ заслужува фер шанса каква што имале сите народи кои пристапувале на ЕУ, а тоа е без условување, без отстапки по националниот идентитет да може да покажеме колку знаеме и колку вредиме и во еден нормален процес на преговори да станеме земја-членка на ЕУ.

Мицкоски укажа дека „Македонија не може да преговара континуирано под бугарски диктат“.

„Тоа е она што го бара ВМРО-ДПМНЕ и сè додека постои бугарскиот диктат Македонија во овој момент се чувствува обесправена. Граѓаните на Македонија не добиваат фер шанса“, заклучи Мицкоски.

Од владејачката партија СДСМ му одговорија на Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ треба да почне со работа и да прекине со блокади, порачувајќи дека наместо ТВ-дуели потребни се работни групи за да продолжи дијалогот по она што е договорено на лидерската средба.

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 денеска рече дека сите политички чинители во државата треба да бидат посветени на процесот за уставните измени, бидејќи носењето таква одлука значи подобра иднина за граѓаните, а за тоа – поттик, доверба и поддршка има од сите земји членки на Европската Унија вклучително и телата на ЕУ: Европската Комисија, Европскиот Совет и Европскиот Парламент.

„Она што во моментов ни треба е продолжување на дијалогот на ниво на работни групи коишто ќе треба да ги договорат деталите на процесот како ќе се одвива во иднина“, истакна премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски нагласи дека наместо трошење време на нови дуели и лидерски средби, надвор од политичките процеси, на граѓаните и државата им е потребна обединетост, како земјата би продолжила по европскиот пат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...