Одбележани 80 години од масакрот кај кавадаречкото село Ваташа

На одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа беа откриени 12-те бисти на младинците и се отвори Спомен соба за достојно одбележување и оддавање почит за нивната храброст и непокорност

-

Во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа денеска беа одбележани 80 години од стрелањето на 12 млади лица во Втората светска војна од страна на бугарскиот фашистички окупатор. На настанот присуствуваа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот Миле Бошњаковски, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа беа откриени 12-те бисти на младинците и се отвори Спомен соба за достојно одбележување и оддавање почит за нивната храброст и непокорност.

Генералниот секретар Бошњаковски положи цвеќе пред споменикот на 12 младинци кои беа убиени на 16 јуни 1943 година од бугарскиот фашистички окупатор.

„Наша должност е овој грозоморен чин што пред 80 години го извела тогашната бугарска фашистичка влада, никогаш повеќе да не се случи. Токму затоа имаме чест да бидеме тука, да дадеме признание на семејствата на 12 загинати младинци и да испратиме порака – оваа крвава страна од историјата што ја испишала тогашната фашистичка влада, никогаш повеќе не смее да се повтори“, изјави министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека никогаш не треба да ги заборавиме 12-те младинци убиени од страна на бугарскиот фашистички окупатор.

„Меморијата на овие луѓе никој не може да ја избруси, таа е вечна и таа се пренесува од колено на колено, од баба на внук, од генерација на генерација. Фактот е еден, а тоа е дека бугарскиот фашистички окупатор стрелаше овде во Ваташа 12 младинци“, изјави Христијан Мицкоски.

Кавадаречкиот градоначалник Јанчев изјави дека во нивна чест за јубилејните 80 години од стрелањето општина Кавадарци, заедно со општинскиот совет била изготвена програма за поставување на 12 бисти и за отворање на спомен собата. Јанчев рече дека како народ знаеме да простуваме, меѓутоа прошката ја бараме со извинување и поклонување пред поставените бисти и споменик.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...