вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: одбележување | 143 резултати

Денот на независноста одбележан со показна вежба, концерти и бесплатен влез во музеите

8 септември 2023

На повеќе локации низ земјава денеска се одбележаа 32 години од осамостојувањето на Македонија, со што беше прославен Денот на независноста. Под слоганот „Гласник на слободата“, денеска се одржа централниот настан во Градскиот парк во Скопје, на кој присуствуваше премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Граѓаните […]

По повод Денот на независноста: Бесплатни културни настани и слободен влез во музеите, галериите и локалитетите

6 септември 2023

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција. Под насловот „Отворен ден за граѓаните“, ќе […]

Ден на независноста на Украина: Украинците го бранат своето право на живот, суверенитет и територијален интегритет

24 август 2023

Украинците втор пат по ред го слават Денот на независноста во услови на жестока руска агресија. Сега, бранејќи ја својата независност, Украина крвари, рече во својот говор за украинскиот Ден на независноста – 24 Август, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир. Таа рече дека Руската Федерација уништи дел од европскиот безбедносен простор, меѓународното […]

Во Куманово спомен-обележје во спомен на загинатите полицајци од „Диво Насеље“

23 август 2023

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во кругот на СВР Куманово го откри спомен-обележјето во чест и вечен спомен на загинатите припадници на македонската полиција, кои ги положија животите во 2015 година, во вооружената престрелка со терористичка групација во кумановско „Диво насеље“, а во одбрана на Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи. Откривањето на […]

Одбележани 82 години од формирањето на Скопскиот партизански одред

22 август 2023

Во Скопје денеска се одбележаа 82 години од формирањето на првиот Скопски партизански одред, пред спомен-обележјето лоцирано во скопската населба Карпош. Пред спомен-обележјето се поклонија и претставници на Сојузот на Борци на Македонија, како и од Градскиот одбор на Сојузот на борци, претставници на Здружението на жени и пензионери од општина Карпош, делегација на Форумот […]

Ковачевски и Ахмети по повод 22 години од Рамковниот договор: Обединување околу европскиот фронт

13 август 2023

По повод одбележувањето на 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Артан Груби испратија пораки до македонските граѓани. Премиерот Ковачевски на неговиот профил на Фејсбук напиша дека Охридскиот рамковен договор донесе мир и овозможи континуиран развој на општествената кохезија и на европскиот концепт на обединетост […]

Одбележани 22 години од убиството на припадниците на АРМ кај Љуботенски бачила

10 август 2023

Денеска се навршуваат 22 години од смртта на осуммината припадници на македонските безбедносни сили кај Љуботенски бачила. По тој повод, министерката за одбрана Славјанка Петровска, генералот потполковник Васко Ѓурчиновски и полковник Новица Стојановски, како и висока делегација од Владата и од претседателот на РСМ оддадоа почит на убиените припадници на АРМ. Министерката за одбрана Славјанка […]

Гоу грин во сабота организира еко-кино на точак за Денот на млади

7 август 2023

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу грин во сабота (12 август) ќе го одбележи Денот на младите со организирање на Еко-кино на точак со чиста енергија во Паркот на Франкофонијата во Скопје. Со почеток од 20 часот, сите заинтересирани ќе можат да ги погледнат кратките филмови „Приказни за точак“ (Bike Stories) […]

Илинден одбележан и во манастирот „Св. Прохор Пчински“ од Пендаровски и Вучиќ

2 август 2023

Денот на републиката – 2 Август денеска беше одбележан и во манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ. Македонскиот претседател Стево Пендаровски и неговиот српски колега Александар Вучиќ го разгледаа манастирскиот комплекс и одржаа билатерална средба, информираат од […]

Џафери: Европската идеја од пред 120 години е на дофат, време е за разум и одговорност

2 август 2023

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во своето денешно обраќање од Мечкин Камен во Крушево по повод одбележувањето на Денот на републиката – 2 Август порача дека европската идеја од пред 120 години од Крушевскиот манифест за слобода, обединување и просперитет веќе е на дофат. Граѓаните и политичките фактори во земјава се пред уште една голема […]

И партиите го одбележаа Илинден, за Мицкоски денешната борба е за достоинство

2 август 2023

Политичките партии денеска го одбележаа Денот на Републиката – 2 Август, при што нејзините претставници не пропуштија да испратат и дневнополитички пораки до граѓаните. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Мечкин Камен во Крушево на граѓаните им го честиташе државниот празник Илинден, велејќи дека тој претставува темел на нашиот идентитет и борба за државност. „И […]

Пендаровски: Само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска

2 август 2023

Денес, на Илинден, сеќавајќи се на трите македонски републики – Крушевската од 1903-та, АСНОМ-ската од 1944 и независната од 1991 година, треба да бидеме свесни дека само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката во […]

Ковачевски: Одлуките на илинденците и асномците нè обврзуваат да изградиме европска држава

2 август 2023

Денес е потребно да се свртиме кон аманетот кој ни го имаат оставено илинденците и асномците, кои знаеле дека вреди секој чекор направен напред за македонска државност и затоа нивните одлуки нè обврзуваат да одиме напред, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната манифестација што се одржа на Скопското Кале, по повод одбележувањето на 2 Август […]

Државниот врв со честитка по повод празникот 2 Август: Илинден живее во сите нас

2 август 2023

Македонскиот државен врв денеска упати честитки по повод одбележувањето на државниот празник 2 Август – Денот на Републиката. Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатија честитки до граѓаните. Во честитката на претседателот Стево Пендаровски се вели дека на нашиот најсветол празник Илинден се потсетуваме на генерациите кои се […]

2 Август годинава ќе го славиме под мотото „120 години Илинден – Огниште на татковината“

31 јули 2023

Под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“, годинава ќе се одбележи 2-ри Август – Денот на Републиката, информираат од владината прес-служба. Во таа чест, делегации на Владата на Република Северна Македонија, на Собранието на Република Северна Македонија и на Претседателот на Република Северна Македонија ќе го чествуваат празникот преку голем број свечености. Па […]

Одбележани 80 години од масакрот кај кавадаречкото село Ваташа

16 јуни 2023

Во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа денеска беа одбележани 80 години од стрелањето на 12 млади лица во Втората светска војна од страна на бугарскиот фашистички окупатор. На настанот присуствуваа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот Миле Бошњаковски, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На […]

Одбележани 30 години од дипломатските односи меѓу С.Македонија и Обединетото Кралство

15 јуни 2023

Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје вчера вечер во Музејот на современа уметност организираше настан по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, како и одбележување на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети, информираат од амбасадата. На настанот присуствуваше специјалниот пратеник за Западен Балкан, лордот Стјуарт Пич и […]

Млади музичари од МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ ќе настапат на чествувањето на Светите Кирил и Методиј во Рим

23 мај 2023

Државно-црковна делегација од Република Северна Македонија од денеска престојува во Рим и во Ватикан, каде ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“. Делегацијата ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во рамките на културната програма, попладнево во салата „Балдини“ во Рим, […]

Пчелите се клучни за производството на храна и зачувување на животот на планетата

19 мај 2023

Под слоганот „Пчелата дел од земјоделско производство кое е погодно за опрашувачите“, денеска во Скопје беше одбележан Светскиот ден на пчелите. Пораката до целата заедница е дека пчелите имаат витална улога во одржливото производство на храна, зачувувањето на природата и зачувувањето на животот на Земјата. Годинешното одбележување имаше за цел да ја подигне свеста за […]

Лекторатот на македонски јазик во Риека одбележува 15 години постоење

9 мај 2023

На 10 и 11 мај со низа свечени активности ќе се одбележат 15 години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска. Од 2008 година до крајот на академската 2021/2022 година, низ Лекторатот поминале над 2.000 студенти, така што во текот на првите децении на XXI век, ова е лекторатот […]

Страна 1 од 7