fbpx

Денот на независноста одбележан со показна вежба, концерти и бесплатен влез во музеите

Централниот настан се одржа во Градскиот парк во Скопје

-

На повеќе локации низ земјава денеска се одбележаа 32 години од осамостојувањето на Македонија, со што беше прославен Денот на независноста. Под слоганот „Гласник на слободата“, денеска се одржа централниот настан во Градскиот парк во Скопје, на кој присуствуваше премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Граѓаните во музеите и галериите низ целата земја можеа бесплатно да се запознаат со изложбените поставки, по повод одбележувањето на 8.Септември.

На локацијата „Школка“ во Градскиот парк се одржа културно-уметничка програма, во рамки на која учествуваше Воениот оркестар на Армијата на Северна Македонија, како и културно-уметнички друштва, информираат од владината прес-служба.

Во состав на програмата настапија и членовите на „Златно славејче“, а беше изведена и програма за деца со учество на Театарот за деца и младинци кои ја одиграа претставата „Гига Мега бајка“.

Во пријатна празнична атмосфера, на истата локација, на просторот во близина на локацијата „Школка“ се одржаа тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи.

Пред граѓаните се демонстрираа борбени вештини на припадниците на Армијата, како и презентација на специјалната опрема и возила на единиците на Министерството за внатрешни работи и Армијата, со што граѓаните имаа можност одблиску да се запознаат со работата на единиците на МВР и на Армијата. Најмладите имаа можност да се дружат и со припадниците на полициските служби и Армијата и да се запознаат со реализирањето на нивните задачи.

Во рамките на одбележувањето на Денот на независноста, посетителите имаа можност да бидат дел од серија спортски интерактивни активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...