недела, 18 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: 8 Септември | 42 резултати

Блинкен со честитка по повод 33 години независност и изборот на првата жена претседател

8 септември 2024

Со честитка по повод 33 години независност и историскиот избор на првата жена претседател, Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен му се обрати на македонскиот народ преку соопштение. „Во име на Соединетите Американски држави, му честитам на народот на Северна Македонија за 33 години независност и историскиот избор на првата жена претседател во мај“, напиша […]

На Денот на независноста премиерот Мицкоски повика на единство и борба против разочарувањето и корупцијата

8 септември 2024

По повод 33 години од осамостојувањето, на Денот на независноста 8 Септември, премиерот Христијан Мицкоски одржа говор на денешната свеченост во кој повика на заедништво и борба против разочарувањето и корупцијата. Мицкоски наведе десет принципи, околу кои тој смета дека треба да има „заедништво и сплотеност на сите фактори и општествени чинители“: Правда и правна […]

Свеченост по повод Денот на независноста под мотото: „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“

6 септември 2024

Владата на Република Северна Македонија соопшти дека по повод 8 Септември, Денот на независноста, ќе организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Како што соопштија оттаму, свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје на 08.09.2024 година (недела), во 13:00 часот. „Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна […]

Д-р Реџеп Мемеди е нов директор на Детска клиника, а со Дигестивна ќе раководи д-р Огнен Костовски

11 јули 2024

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари во изминатите неколку дена именуваше нови в.д. медицински директори во неколку јавни здравствени установи. Како што информираат во Министерството за здравство, на Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за директор е именуван проф. д-р Огнен Костовски, на Клиниката за пулмологија и алергологија за директор е именуван прим. д-р Оливер Зафировски, […]

Пациент во „8 Септември“ со нож пробол вработен во болницата

8 јануари 2024

Седумдесет и седум годишен пациент од Скопје, кој е пациент во градската општа болница „8 Септември“, вчера со нож пробол вработен во болницата, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 19:47 часот, од ГОБ „8 Септември” е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата, се здобил со повреда откако со нож му […]

По повод 8 Септември, зградата на Владата беше осветлена со празнични бои

9 септември 2023

Во рамки на одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември, вчеравечер, дел од државните институции беа „обоени” во празнични бои. „Со првиот мрак, врз зградата на Владата на Република Северна Македонија започна да се емитува видео-арт перформансот „Црвено“ на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, којшто се повторуваше до зори. Со специјални светлосни тела врз […]

Денот на независноста одбележан со показна вежба, концерти и бесплатен влез во музеите

8 септември 2023

На повеќе локации низ земјава денеска се одбележаа 32 години од осамостојувањето на Македонија, со што беше прославен Денот на независноста. Под слоганот „Гласник на слободата“, денеска се одржа централниот настан во Градскиот парк во Скопје, на кој присуствуваше премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Граѓаните […]

Честитки по повод Денот на независноста: 32 години самостојна и суверена држава

8 септември 2023

По повод чествувањето на денешниот државен празник 8. Септември – Денот на независноста на Северна Македонија, македонскиот државен врв и лидерите на политичките партии упатија честитки, а серија од настани се одржуваат денеска низ целата земја под мотото „Гласник на слободата“. Денеска прославуваме 32 години самостојна и суверена држава, откако на 8 септември 1991 година […]

Работно време на јавниот превоз и паркинзите за државниот празник 8 Септември

7 септември 2023

Од ЈП Градски паркинг известуваат дека утре, на државниот празник 8 Септември, по повод Денот на независноста, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8 Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат […]

По повод Денот на независноста: Бесплатни културни настани и слободен влез во музеите, галериите и локалитетите

6 септември 2023

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција. Под насловот „Отворен ден за граѓаните“, ќе […]

ГОБ „8 Септември“: Немавме поплава во Одделот за неврологија, имавме мал дефект на водоводната цевка

19 септември 2022

Најодговорно ги демантираме гласините за „поплава во просториите за интензивна нега“ на Одделот за неврологија, пишува во демантот испратен од раководството на Градската општа болница „8 Септември“, откако беше објавено дека се случила поплава во интензивниот оддел на неврологија. „Всушност, се работи за саниран мал технички дефект на водоводната цевка. Одделот за неврологија функционира непречено, […]

Ковачевски на прославата на Денот на независноста: Сега не е време за избори и политикантство

9 септември 2022

Премиерот Димитар Ковачевски на централната прослава на Денот на независноста- 8 Септември што се одржа на платото кај паркот „Ибни Пајко” во Скопје истакна дека слободата и европските перспективи немаат замена. Како што потенцираше тој, има време и до избори и за политикантство, но сега не е тоа време. „Посебно, охрабрувам на политички план, сите […]

Презентиран нов зрачен апарат за онколошките пациенти во „8 Септември“

8 септември 2022

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски по повод Денот на независноста денеска заедно со министерот за здравство Беким Сали присуствуваа на презентација на апарат за зрачна терапија за онколошки пациенти во Градската болница „8 Септември”. Апаратот кој треба да биде целосно ставен во функција до крајот на годината го презентираше директорот на болницата Христијан Костов. Со […]

Со низа свечености се одбележува Денот на независноста на Македонија

8 септември 2022

Со низа пригодни свечености, под слоганот „Обединети во слободата“, денеска Република Северна Македонија го одбележува Денот на независноста – 8 Септември, денот кога пред 31 година државата стана независна. Како што информираат во Владата, чествувањето на овој голем празник во организација на Владата започна со положување венци свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели […]

Бесплатен влез во музеи и галерии за Денот на независноста

7 септември 2022

Покрај многубројните пригодни манифестации кои ќе се одржат по повод 8 Септември, Денот на независноста, утре од 11 часот, за граѓаните ќе бидат отворени за посета со бесплатен влез повеќе културни установи, музеи и галерии, соопштија од Владата. Во Скопје, ќе бидат отворени за посета Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот […]

Документите за упис во средно првин ќе се достават електронски, а потоа ќе се носат и на увид

5 јуни 2022

Оваа година за прв пат документите за уписи во средно образование ќе треба да се поднесат во електронска верзија. Кандидатите тоа ќе можат да го сторат на e-uslugi.mon.gov.mk, на 14 и на 15 јуни. Освен свидетелствата од сите четири години во предметна настава, потребно е да се прикачи и извод на родени во пдф или […]

Хирурзите во „8 Септември“ бараат услови за операции, директорот смета дека тоа не е можно поради пандемијата

24 септември 2021

Во понеделник хирурзите од Градската општа болница „8 Септември“ ќе прекинат со операциите ако директорот д-р Христијан Костов не им создаде услови за хируршки интервенции на пациентите чии болести не се животозагрозувачки. Тие во отворено писмо изразуваат свесност дека втора година работат како главен ковид-центар во државата, но незадоволни се што и покрај приемот на […]

Францускиот претседател Макрон ни го честиташе Денот на независноста

8 септември 2021

Францускиот претседател Емануел Макрон, до македонскиот претседател Стево Пендаровски, упати честитка по повод Денот на независноста – 8. Септември, информираат од француската амбасада во Скопје. „По повод националниот празник на Република Северна Македонија, во име на Франција и во мое лично име, Ви ги упатувам моите најискрени честитки. Сакам и да Ви го пренесам моето […]

Вечерва започнува 4-тото издание на фестивалот на светлината Skopje Light Art District

8 септември 2021

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, директорот на ЈУ Универзална сала и извршен продуцент на фестивалот, Филип Аврамчев и уметничката директорка на SkLAD 2021, Александра Стратимировиќ, денеска го најавија почетокот на 4-тото издание на меѓународниот фестивал на светлина, Skopje Light Art District, информираат од Град Скопје. Фестивалот Skopje Light Art District ќе трае четири дена, а главната […]

Денеска се одбележуваат 30 години независна и самостојна македонска држава

8 септември 2021

Три децении од независноста на земјава денеска ќе се одбележат во Скопје и ширум целата држава. На 8 септември 1991 година се одржа референдумот за независност, на кој над 96 отсто од населението во тогашна Социјалистичка Република Македонија одговори со „ЗА“ на референдумското прашање „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на […]

Страна 1 од 2