fbpx

Илинден одбележан и во манастирот „Св. Прохор Пчински“ од Пендаровски и Вучиќ

Во изјава за медиумите претседателот Пендаровски изрази благодарност за можноста нашата земја да го прослави Илинден, токму каде што е формирана современата македонска држава

-

Денот на републиката – 2 Август денеска беше одбележан и во манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ. Македонскиот претседател Стево Пендаровски и неговиот српски колега Александар Вучиќ го разгледаа манастирскиот комплекс и одржаа билатерална средба, информираат од претседателскиот кабинет.

Претседателот Пендаровски и претседателот Вучиќ остварија билатерална средба на која беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји. Во духот на добрососедството, беше изразен интерес за натамошно продлабочување на севкупната соработка, трговската размена и меѓусебното разбирање.

Во изјава за медиумите, претседателот Пендаровски изрази благодарност за можноста нашата земја да го прослави Илинден, токму каде што е формирана современата македонска држава.

,,Кога на територијата на друга држава ве пречекува претседателот на таа држава, претседателот на Република Србија, за чин кој е од најголема важност за вас и за Вашата држава, само благодарност за претседателот Вучиќ. Ова да биде една добра традиција, која нема да се прекинува од политички, црковни или кои било други причини. Се надевам дека и следната година повторно ќе се гледаме на ова исто место, да оддадеме почит на нашите најголеми национални великани”, рече претседателот Пендаровски.

Во состав на државно-црковната делегација која ја предводеше претседателот Пендаровски, на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ беа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, Викарен Епископ Хераклејски г. Климент и претставници од Сојузот на борците на НОБ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ им го честиташе празникот на македонските граѓани и на претседателот Пендаровски, велејќи дека нема отворени прашања меѓу Србија и Северна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...